Состојки:

За лосос:

  • 4 парчиња лосос
  • 1/2 cup кршени ф’стаци
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мед
  • сок од 1 лимон
  • сол и бибер по желба

За орзо салата:

  • 1 cup орзо
  • 1 краставица, ситно сецкана
  • 1 домат, ситно сецкан
  • 1 шака маслинки без семка, сецкани
  • 1 црвена пиперка, ситно сецкана
  • 1 гранче нане, ситно сецкано

За дресинг:

  • сок од 1 лимон
  • 1 лажичка сенф
  • 5 лажици маслиново масло
  • сол, бибер и оригано, по желба

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200º и на тава за печење се поставува хартија за печење. Или може само убаво да ја премачкате со масло. 
  2. Сенфот, медот, лимонот и зачините се соединуваат во мало тањирче и потоа се распоредува на парчињата лосос. Убаво се премачкуваат од сите страни, па се додаваат сецканите ф’стаци одозгора.
  3. Се печат 20-22 минути.
  4. Орзото се вари според инструкциите на пакувањето, се остава малку да се олади додека ја подготвуваме салатата. 
  5. Во длабок сад се додава сецканиот зеленчук и маслинките, се додава и орзото. 
  6. Сите состојки за дресингот се промешуваат додека не се соединат и се прелива салатата. Пробајте ако треба нешто да се додаде. 
  7. Сервирајте топло или пак чувајте во затворен сад до 4 дена.
(Visited 838 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *