Повеќе за мене

Хеееј хеееј. Јас сум Стефанија ,27 годишна девојка со огромна пасија за здрава храна, фитнес и се поврзано со здравиот начин на живот. Освен тоа сакам растенија и колекцијата на собни цвеќенца станува се поголема на што сум особено горда. Не знам дали хеланки и спортска опрема спаѓа во пасија ама ќе го оставам и тоа тука зошто не можам да се опишам без овој важен факт… И да не должам многу, да преминеме на главното и како почна приказната што не доведе до овој блог.

Пред неколку години се појави мојата желба да почнам да имплементирам што е можно повеќе здрави животни навики и одтаму почна да се развива мојот Инстаграм профил,за по некое време да прерасне во еден ваков блог каде што на едно место ќе може да најдете се што јас знам,што сум пробала, мое лично искуство и мислење за одредени теми во врска со ова и секако многу многу вкусни рецепти. Мојата цел е да покажам и да помогнам во градење на здрави навики без ограничувања и строги диети и да доловам колку храната и балансираниот живот помагаат да бидеме најдобрата верзија од себе,а притоа да не ги пропуштаме оние добрите работи во животот.

Официјално WELCOME и благодарам што ја посетивте странава, се надевам дека ќе уживате исто толку колку што јас уживам во креирање на истата ☺️

Follow Me?

 

(Visited 19.160 times, 1 visits today)