Аквафаба чоколаден мус 

Состојки:

  • течноста од 1 конзерва наут*
  • 1 црно чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло, стопено
  • тостирани јаткасти плодови, гранола, овошје и слично за топинг (по желба)

* Во овој рецепт ќе ја користиме само водата во која што стои наутот во конзерва. Зрното наут чувајте го за друга употреба.

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад се додава течноста од наут или така наречена аквафаба. Со електричен миксер се мати се додека не се згусне смесата и не се дуплира од првобитната состојба. Течноста треба да се претвори во кремаста, бела и цврста смеса слично на матени белки од јајце
  2. Во микробранова или на рингла на тивка температура се растопува чоколадото заедно со кокосовото масло. Кога потполно ќе се стопи, се трга од оган и се остава да се олади 10тина минути
  3. Постепено се додава од чоколадото во аквафаба смесата и во исто време се меша со силиконска шпатула. Се користат нежни движења и се додава по малку од чоколадото за се убаво да се измеша без притоа да се изгуби кремавата текстура на аквафабата. 
  4. Се распоредува смесата во теглички или мали садчиња и се остава во фрижидер да зацврсти најмалку 2 часа
  5. Бидејќи текстурата на мусот е многу нежна и лесно се топи – топинзите се додаваат пред сервирање. Доколку не го сервирате веднаш, чувајте ги мусот и топинзите во различни садови.
  6. Мусот може да се чува во фрижидер до 2-3 дена.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Течноста од наут од конзерва НЕМОЖЕ да се замени со течноста од наут во тегла, затоа користете исклучиво во конзерва.

(Visited 2.519 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *