Да бидам искрена не сум некој најголем фан на алва. Не е нешто што би одбила ама не е ни нешто што би имала којзнае колкава желба или стрвност. Колачињава настанаа сосема случајно. Како и секогаш во слободно време си листав рецепти и си барав инспирација и наидов на неколку рецепти направени од само неколку состојки во кои меѓудругото главната состојка беше таан. Не очекував дека толку ќе потсетуваат на алва се додека не ги пробав и всушност бев изненадена од колку се вкусни. Изгледа дека после се уствари и сум фан на алва ама само во ваква форма ☺️. Потребни се само неколку состојки и се многу лесни за подготовка па се надевам дека ќе им дадете шанса.

Алва колачиња

Состојки

  • 135 гр. таан
  • 80 мл. мед
  • 120 гр. мелени бадеми
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка ванила (по желба)
  • 100 гр. сусам

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 180º и се подготвува тава за печење со хартија за печење или пак се подмачкува со малку кокосово масло за да не лепи
  2. Во сад се додаваат таанот,медот и ванила доколку се користи. Со маталка или со миксер се мешаат состојките се додека не се добие соединета кремаста смеса
  3. На оваа смеса се додаваат и останатите состојки (без сусам) и повторно се промешува се додека не се добие густа соединета смеса
  4. Во плитка чинија се додава сусамот
  5. Од смесата се формираат топчиња во големина од 1 голема (многу наполнета) лажица)и се се сплескуваат мегу двете дланки за да се добие форма на колаче
  6. Се валкаат во сусам од двете страни и се поставуваат на тавата за печње. Се остава простор помеѓу секое колаче за да не се слепат при печење
  7. Се печат 10 минути 
  8. Се остават комплетно да се оладат пред да се извадат од тавата и да се сервираат
  9. Може да се чуваат затворени во стаклен сад на собна температура до 5-6 дена или во фрижидер и до 10тина дена

ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ

→ Препорачувам да се користи таан од обичен сусам, а не таан добиен од интегралнен сусам

→ За да се добијат мелени бадеми само се додаваат бадемите во блендер или мултипрактик и се блендира/пулсира се додека не се иситни потполно и не се добие текстура на брашно

→ Може да се додадат неколку лажици какао во смесата за вкус на чоколадна алва

→ Колачињата при печење се зголемуваат па затоа е важно да се остави доволно простор помеѓу нив

(Visited 1.793 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *