Дресинг е една од оние работи за која буквално се потребни неколку минутки и неколку состојки за комплетно да го сменат вкусот на салатата. Овој дресинг го правам доста често особено кога имам останато авокадо кое е пред расипување и ја имаа онаа кафеавкаста не атрактивна боја.
Авокадото освен што содржи здрави масти есенцијални за подобра функција на нашето тело, а од друга страна павлаката или Грчки јогурт како дел од овој дресинг содржи голем број на протеини па овој дресинг не само што ќе ја направи вашата салата 10 пати повкусна исто така има и одлични нутритивни вредности.
Количината на рецептот е доволна и за неколку оброци па подгответе си го како дел од меал преп и додавајте го во салатки и оброци во текот на неделата.
Авокадо дресинг
Состојки
- 65 гр. Грчки јогурт (или павлака)
- 1/2 половина авокадо
- 50 гр. или едно снопче магдонос (измиено и грубо исецкано)
- 1 чешне лук
- 3 лажици сок од свеж лимон
- 1/2 лажичка сол
- 120 мл. Вода (или повеќе)
Начин на подготовка
- Во сецко или блендер се додаваат сите состојки и се блендира додека не се добие течна кремаста соединета смеса
- Доколку е потребно се додава уште малку вода додека не се добие смеса доволно течна за да служи како дресинг
- Може да се користи веднаш или да се чува во затворена тегла, складирана во фрижидер и до 4 дена