Баклава барови

Сотојки

  • 60 гр. бадеми
  • 65 гр. лешници
  • 65 гр. ореви 
  • малку сол
  • 2 лажици кокосово брашно или 4 лажици ситно мелени кокосови снегулки
  • 1 лажичка цимет
  • 60 гр. таан 
  • 85 гр. мед
  • 2 лажици кокосово масло, стопено

Начин на подготовка

  1. Во сецко или блендер се додаваат бадемите и се пулсира се додека не се добие текстура на брашно
  2. Лешниците и оревите се сецкаат ситно со нож на мали парчиња. Може да се коисти и блендер за ова меѓутоа треба да се внимава да не се иситнат премногу. Бараме парчиња а не брашно текстура
  3. Се загрева тавче за пржење на средна температура и се додаваат мелените бадеми, иситнетите ореви и лешници, циметот, сол и кокосовото масло. Константно се меша додека состојките не се истостираат одприлика 3-4 минути
  4. Се додава и медот, се промешува и се трга тавата од оган
  5. Смесата се додава во длабок сад, додаваат останатите состојки и повторно се промешува
  6. Смесата ќе биде доста густа па се користат раце за полесно да се измеша и сите состојки да се соединат
  7. Се обложува сад (јас користев тава за печење леб) со хартија за печење за полесно вадење кога ќе се зацврсти смесата. Може да се користи било каков сад затоа што нема да се пече, ни треба само за да се обликуваат баровите
  8. Добиената смеса се додава во тавата и се притиска за да се израмни и подеднакво да се распредели. Препорачувам да се користи чаша или некој тврд предмет за уште подобри резултати и рамномерно распределување.
  9. Се остава да се зацврсти во фрижидер најмалку 1 час, потоа смесата се вади од тавата и се сече во коцка или во правоаголници по желба

ЗАБЕЛЕШКА и СОВЕТИ

→ Лешниците и оревите може да се заменат со било кои други јатки. Бадемите исто така може да се заменат со дрги јатки меѓутоа мора да бидат измелени исто како што пишува во постапката за подготовка

→ Баровите може да се чуваат во фрижидер и до 2 недели или во замрзнивач до 2 месеци

→ Таан може да се замени со путер од јаткасти плодови или со путер од кикирики

(Visited 1.285 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *