Блогчево ми се претвара во гранола, банана леб и палачинки ама не можам да си помогнам кога тие ми се омилени работи да ги готвам, да ги јадам и да експериментирам со нови вкусови и рецепти. 

Овој пат ви носам нов рецепт за банана леб со истиот неверојатен вкус ама со мал пресврт и во чекор со есенскиве вибрации 😊 WOW. Видете ги овие поетски зборови што излегуваат од мојата уста (хаха).

Се надевам ќе ви се допадне овој банана бред исто како и претходните. 

Банана-цимет есенски леб:

Состојки:

  • 2 средни банани (испасирани да бидат во количина од 1 cup)
  • 2 јајца
  • 72 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
  • 105 гр. (1/3 cup) јаворов сируп (или друг течен засладувач)
  • 60 гр. (1/4 cup) млеко од бадеми (или млеко по желба)
  • 225 гр. (2+1/4 cup) овесно брашно (овес сомелен во блендер)
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички прашок за пециво

За цимет филинг: (по желба ама ептен препорачливо)

  • (1/4 cup) пире од јаболки
  • (1/4 cup) кокосов шеќер (или кафеав шеќер)
  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170º и се поставува хартија за печење на тава за печење леб.
  2. Во голем длабок сад се додаваат пасираните банани, јајцата, кокосовото масло, јаворовиот сируп и млекото. Убаво се промешува, за да се изедначат и соединат состојките.
  3. Во помал, длабок сад се додаваат сите останати состојки (овесно брашно, прашок за пециво, цимет) се промешува. Оваа смеса се додава на течната смеса во големиот сад и се меша се додека е убаво соединето и сите состојки се соединети со што е можно помалку грутки. Смесата треба да биде густичка.
  4. Во мал, длабок сад се додаваат сите состојки за цимет филингот. Се промешува за да се соединат. Се трга садот на страна.
  5. Во тавата за печење леб се додава половина од подготвената смеса за банана леб. Не мора да биде точно половина, не е толку важно, така од око и одприлика. Се израмнува со лажица или шпатула. 
  6. Со лажица се додава од цимет филингот на банана лебот на одредени места, а потоа со нож се разнесува и се прават swirls односно кружни движења. Не мора да биде перфектно, она што го бараме е оној “мермерен ефект”
  7. Се додава остатокот од банана лебот врз цимет филингот, а потоа се додава и остатокот од цимет филингот на истиот начин. 
  8. Се пече 50 минути односно додека не добие златеникаста боја и кога со нож или чепкалка не се боцне и не излезе чисто без остаток од смесата.
  9. Се остава да се олади малку пред да се исече.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Цимет филингот не е неопходен, може да го направите лебот и без него и ќе биде подеднакво вкусно меѓутоа топла препорака е да го пробате и на овој начин. Превкусно е.

→ Млекото од бадеми може да се замени со било какво млеко по желба.

→ Кокошсовиот шеќер може да се замени со кафеав шеќер. Исто така може да се замени и со течен засладувач како мед, агаве, јаворов сируп и слично со тоа што нема да го има оној  зрнест шмек.

→ За да го направите посно, веган може да користите “јајце од ленено семе”. 2 лажици мелено ленено семе + 5 лажици вода. Се мешаат во мал сад и се остава 10тина минути да се направи како гел. Се користи во лебот по истата постапка. 

(Visited 16.320 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *