Банана гранола
Состојки:
- 120 гр (1 cup) јаткасти плодови (јас користев лешници и ореви)
- 360 гр. (4 cup) овесни снегулки, крупни
- 2 лажички цимет
- малку сол
- 2 банани, испасирани да бидат во количина од 250 гр. (1 cup)
- 80 гр. (1/4 cup) јаворов сируп *
- 60 гр. (1/4 cup) путер од бадеми *
- 3 лажици кокосово масло, стопено
- 1 лажичка ванила
*Мед, агаве, кокосов шеќер и други засладувачи може да бидат замена за јаворов сируп во истата количина
* Путерот од бадеми може да се замени со било каков путер од јаткасти плодови (кикирики, индиски ореви, лешници….) доколку немате никаков путер од јаткасти плодови може да замените со таан. Доколку не сакате – може да го тргнете од рецептот, со тоа што вкусот ќе биде малку изменет, но верувам подеднакво вкусно.
EDIT 10.11.2020. Времето на печење може да варира во зависност од тоа каква рерна користите, тавата на печење, засладувачот кој се користи, дополнителни состојки што ќе се заменат и слично.. Затоа најубаво да внимавате при печење и да проверувате после 15тата минута и да печете се додека не се добие посакуваната текстура и боја. Времето на печење го одредувам според мојата рерна што нажалост не е кај сите исто, па затоа за сите рецепти кои ги користите имајте го ова на ум.
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 160º и се подготвува голема тава за печење.
- Се сецкаат или блендираат јаткастите плодови на помали парчиња и се додаваат во голем, длабок сад
- Се додаваат сите останати суви состојки и се промешува
- Во оделен сад се додаваат бананите и се пасираат додека не се добие пире. Се додаваат останатите течни состојки и се промешува
- Се додава течната смеса на сувата и убаво се промешува за да се изедначи и сувите состојки се потполно измешани со течната смеса
- Се додава смесата на тавата за печење и се распоредува така што е во еден слој за подеднакво да се испече. Доколку тавата е премала за целата гранола, се распоредува во две тави
- Се пече 40тина минути односно додека не добие златеникаста, потпечена боја
- Оставете да се олади пред да се искрши на помали парчиња
- Се чува во затворен стаклен сад, во ладилник и до 2 недели