Ако не сте пробале леб од банани – мислам дека не постои подобро време од СЕГА. Овој рецепт е лесен, со минимални состојки и еден од моите омилени. Важно е да напоменам дека овој леб не содржи никаков додаден шеќер освен природниот шеќер од бананите што го прави уште по идеален за мене со оглед на тоа што избегавам премногу шеќер особено за доручек. Доколку барате нешто поблагичко имам уште еден рецепт за банани каде што освен бананите има додадено и мед па можеби тој би бил поидеален меѓутоа топло ви препорачувам да му дадете шанса. 

Банана леб (без додаден шеќер)

Состојки

  • 3 банани во средна големина
  • 2 јајца на собна температура
  • 65 гр. путер од бадеми
  • 60 гр. кокосово брашно
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка прашак за пециво
  • исецкани лешници,кокос или чоколадни парчиња за декорација и топинг

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 175º и се обложува тава за печење леб со хартија за печење
  2. Се пасираат бананите со вилушка додека не се добие пире
  3. Се додаваат во длабок сад заедно со путерот од бадеми и јајцата. Се промешува додека не се соедини и не се добие кремаста соединета смеса. Може да се користи и миксер за оваа постапка за уште покремаста смеса и поедноставна постапка
  4. На добиената смеса се додаваат и останатите состојки освен она што би се користело за декорација. Повторно убаво се промешува
  5. Се додава смесата тава за печење и со шпатула се израмнува површината. Се протресува тавата неколку пати лево-десно за да се распореди рамномерно на сите страни. Доколку се користат состојки за декорација се додаваат СЕГА на површината и лесно се притискаат за да се зацврстат на површината од лебот
  6. Се пече околу 30-35 минути односно додека не се боцне со чачкалица или нож во средината на лебот и искочи чисто без останата смеса
  7. Се остава да се олади пред да се извади од тавата и да се сече

ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ

→ Кокосовото брашно НЕМОЖЕ да се замени со друго брашно во овој рецепт

→ Може да се користи било каков путер од јатки или путер од кикирики. 

→Лебот може да стои на собна температура до 2 дена, во фрижидер до 5-5 дена и во замрзнивач до 1 месец. Доколку се замрзнува тогаш се сечат парчиња и се оставаат комплетно да се оладат. Се пакуваат одделно да не се допираат парчињата едно до друго за полесно одмрзнување и да не се залепат

→ Лебот не содржи шеќер па доколку не е доволно благ тогаш може да се додаде малку мед или јаворов сируп при сервирање

(Visited 19.333 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *