Состојки:
- 2 зрели банани, пасирани
- 1/3 cup (80 гр.) путер од кикиритки
- 1/4 cup (80 гр.) јаворов сируп
- 1/2 cup (120 мл) млеко од бадем
- 1/2 cup (60 гр.) какао во прав
- 1 cup (100 гр.) овесно брашно
За фростинг:
- 2 дозерки протеин
- 2 лажици какао во прав
- 1 лажица јаворов сируп
- млеко од бадем, по потреба

Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 170º и се поставува хартија за печење на тава за печење.
- Во длабок сад се додаваат пасираните банани, путерот од кикиритки, јаворовиот сируп и млекото од бадем. Се промешува.
- На оваа смеса се додаваат и какаото и овесното брашно и повторно се промешува. Смесата ќе биде густа ама ако има потреба додадете повеќе млеко.
- Се додава смесата во тавата за печење и се пече 20 минути.
- За фростингот, се додаваат сите состојки во мал, длабок сад. Се промешува се додека не се добие кремаста, густа смеса што лесно може да се распоредува. Додавајте млеко се додека не се добие посакуваната текстура.
- Се додава фростингот на колачот, се сече во барчиња и уживајте во овие слатки, протеински задоволства.
- Барчињата може да стојат на собна температура, покриени со фолија или во затворен сад до 3 дена или пак во ладилник до 6 дена.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Путерот од кикиритки може да се замени со некој друг путер од јаткасти плодови.
→ Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач или комплетно да се исфрли за less sugar десертче.
→ Јас користев вегански протеин од солен карамел ама може да користите било каков протеин или пак комплетно да го исфрлите фростингот од овој рецепт.
(Visited 1.727 times, 1 visits today)