Божиќен банана колач:
Состојки:
За прв слој, какао смеса:
- 125 гр. (1 cup + 1/4 cup) овесно брашно
- 2 мали банани или 1 голема, испасирани (1/2 cup испасирани)
- 1 јајце
- 110 гр. (1/3 cup) мед
- 55 гр. (1/4 cup) масло по желба (стопено кокосово масло, сончогледово, маслиново и слично)
- 1 лажичка јаболков оцет
- ½ лажичка сода бикарбона
- 4 лажици какао во прав
- малку сол
- ½ лажичка Божиќен зачин
За втор слој:
- 125 гр. (1 cup + 1/4 cup) овесно брашно
- 2 мали банани или 1 голема, испасирани (1/2 cup испасирани)
- 1 јајце
- 110 гр. (1/3 cup) мед
- 55 гр. (1/4 cup) масло по желба (стопено кокосово масло, сончогледово, маслиново и слично)
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка јаболков оцет
- ½ лажичка Божиќен зачин
- малку сол
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 175º и се подготвува сад за печење со хартија за печење. Јас користев стаклен сад со димензии 20х20.
- Прво ќе ја подготвуваме смесата за првиот (какао слој). Значи гледајте ги само тие состојки. Во голем длабок сад се додаваат испасираните банани, јајцето, маслото, засладувачот и јаболковиот оцет. Се промешува се додека не се соедини смесата.
- Во друг длабок сад се додаваат овесното брашно, зачинот, какаото, сода бикарбона и малку сол. Се промешува и се додава смесата во садот со течната смеса.
- Се промешува се додека не се соедини смесата и не се останати грутчиња од овесното брашно. Доколку имате миксер, супер би било да го искористите, за уште поубаво да се измеша смесата. Оваа смеса оставете ја на страна додека го подготвуваме вториот слој.
- За вториот слој се повторува буквално истата постапка само во одделен сад. Се мешаат најпрво течните состојки, па се додаваат и сувите и се убаво се промешува.
- Смесата од какао се додава во претходно подготвената тава за печење. Се израмнува убаво смесата, па се додадава и втората (бела) смеса. Повторно се израмнува и сестава во загреаната рерна да се пече.
- Се пече околу 35-40 минути. По истекот со нож боцнете во средината од колачот. Ако на ножот нема останато смеса – тогаш колачот е готов. Доколку ножот искочи со останата смеса, вратете на печење уште 5-10 минути.
- Колачот се остава да се олади околу 30тина минути пред да се сече. Ако го сечете додека е топол, можно е да се распадне затоа бидете трпеливи.
- Како фростинг јас користев Грчки јогурт помешан со јаворов сируп, цимет и ванила. Меѓутоа колачот е толку сочен и вкусен што нема потреба од никакви топинзи и фростинзи.
- Чувате на собна температура 2 дена или во ладилник до 4-5 дена.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Овој рецепт е адаптиран од мојот рецепт за овесни мафини. Доколку сакате побрза и поедноставна варијанта – ѕирнете го рецептот на линкот. Меѓутоа нека не ве плашат многуте состојки и многу чекори за подготовка. Уствари е буквално истото, само во дупла доза, за да го добиеме овој интересен пола црно-пола бело ефект.
→ Медот може да го замените со било кој друг течен засладувач во истата количина.
→ За бананите – зошто сите банани се во различна големина – најубаво испасирајте ги па потоа мерете во мералката да добиете ½ cup. Иако не мора да биде до толку точно, ама ете за секој случај следете го рецептот точно барем за првиот пат.