Доколку сте пробале од оние божиќни колачиња – сигурно го знаете оној препознатлив вкус и шмек што го имаат. Епа – не е до колачињата, до зачинот е :). Уствари не е зачин – микс од зачини што кога ќе се спојат во едно или ќе се додаде од се по малку го даваат тој вкус. Јас лично го обожавам, ме потсетува за зима, на комфорт, на празници….. Кај нас по супермаркетиве тешко се наоѓа веќе готов, за да ни ја олесни работата ама без грижи – I’ve got you covered. Од неколку зачини што може да ги најдете по нашиве подобро снабдени маркети – може и вие дома да си направите па да си го користите буквално како сакате. 

Еве неколку идеи како може да го користите, за оваа година празничните десерти да ви бидат уште послатки и празнични.

→ Во торти, колачи, банана леб и други пецива

→ Во топло какао

→ Во топло чоколадо

→ Во сирови десерти како бомбици, барчиња и слично

→ Во останати топли напитови како чај или салеп

А доколку не сакате да експериментирате со вашите рецепти – зачувајте си го рецептчево зошто доаѓаат многу Божиќни десертчиња со токму овој зачин.

Божиќен зачин:

Состојки:

  • 2 лажици цимет
  • 2 лажици ѓумбир
  • 1 лажица морско оревче
  • 1 лажичка каранфилче
  • 1/2 лажичка кардамом (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Во тегличка или во мал сад се додаваат сите зачини и убаво се промешува за да се соединат.
  2. Се складираат во тегла со капак или било каков сад за складирање. Чувајте како сите останати зачини. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ За вистинско gingerbread искуство, ви препорачувам да го следите рецептот каков што е, меѓутоа ако не може да најдете одреден зачин – адаптирајте го според сопствени потреби.

→ Сите горенаведени зачини може да ги најдете во подобро снабдени маркети.

→ Бидете внимателни со користење на зачинот зошто се работи за многу јак зачин, многу малку е потребно за да го осетите вкусот. Оваа количина погоре може да трае многу многу долго па доколку не ви е потребно толку многу, преполовете ја количината на сите зачини.

(Visited 3.583 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *