Божиќни (суви) колачиња:

Верзија 1:

Состојки:

  • 135 гр. (1+1/2 cup) овесно брашно
  • 50 гр. (1/3 cup) мелено ленено семе
  • 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
  • 110 гр. (1/3 cup) јаворов сируп
  • 1+1/2 лажичка Божиќен зачин или 1 лажичка цимет + ½ лажичка ѓумбир

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180° и се поставува хартија за печење на тава за печење.
  2. Во голем, длабок сад се додаваат овесното брашно, ленено семе и зачините. Се промешува смесата.
  3. На оваа смеса се додаваат јаворовиот сируп и кокосовото масло и се меша се додека не се соедини смесата. Смесата треба да биде густичка, лесна за формирање и многу многу мекичка.
  4. Се формираат топчиња во големина од една лажица, се додаваат на тавата за печење и со вилушка или со прсти се притиснуваат за да се спласнат и да се формира колаче. Големината на колачињата е скроз по желба, јас ги направив помалечки зошто така ми се свиѓаа, ама ако сакате regular size колаче – направете ги поголеми.
  5. Се печат 20тина минути односно додека не добијат златеникаста боја околу крајчињата. Проверувајте повремено.
  6. Се оставаат малку да се оладат пред да се тргнат од тавата за печење. Кога ќе се извадат од рерна може да бидат многу меки, ама како се ладат – така ќе се зацврстат.

Верзија 2:

Состојки:

  • 70 гр. (3/4 cup) овесно брашно
  • 125 гр. (1/2 cup) путер од лешник (или било каков путер од јаткасти плодови)
  • 110 гр. (1/3 cup) јаворов сируп
  • 1+1/2 лажичка Божиќен зачин или 1 лажичка цимет + 1/2 лажичка ѓумбир

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180° и се поставува хартија за печење на тава за печење.
  2. Во голем длабок сад се додаваат сите состојки и се промешува се додека не се добие соединета смеса. Смесата треба да биде доволно густа за да се формираат топчиња и ќе биде многу, многу мекичка на допир. Слободно користете раце за мешање на смесата ако така ви е полесно за соединување.
  3. Се формираат топчиња во големина од 1 лажица (или за поголеми колачиња-повеќе смеса) се ролаат во бомбици, се додаваат на тавата за печење и со вилушка или прсти се притиснуваат одозгора.
  4. Се печат 15-20 минути.
  5. Се оставаат малку да се оладат пред да се тргнат од тавата за печење. Кога ќе се извадат од рерна може да бидат многу меки, ама како се ладат – така ќе се зацврстат.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Јаворовиот сируп за двете верзии во колачињата може да се замени со било каков течен засладувач. Ако се одлучите за некој од погустите засладувачи како мед, маџун и слично може ќе треба да го подгреете претходно за да се растопи малку. Не за друго него полесно да се измеша со состојките.

→ Овесното брашно може да го купите веќе готово или пак да измелете овесни снегулки во блендер.

→ Доколку сакате да ги направите колачињата во форми (како на сликата ѕвездичките), направете го тестото, ставете го помеѓу две хартии за печење (од горе и доле) и со сукало или со раце истенчете го и само направете форми по желба. Другото се и останува исто.

(Visited 8.926 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *