Состојки:

  • 2 (тврдо) варени јајца
  • ½  зрело авокадо
  • ½  лажица Дијон сенф
  • сол и бибер
  • неколку гранчиња ситно исецкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Јајцата и авокадото се сецкаат на мали коцки и се додаваат во мал, длабок сад.
  2. Се додаваат и сите останати состојки и се меша, за да се соединат.
  3. И тоа е тоа J јас го користев како крем салата за врз тостирано лепче, ама слободно користете си го како ви одговара.
  4. Авокадото нема да стои многу време и може да потемни или да скапе па затоа вака подготвена салатка користете ја веднаш или евентуално 1-2 дена во фрижидер.
(Visited 2.775 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *