Рецепт што не му треба рецепт ама се мислев дека е добра идеа да споделам како си правам the best ever бургерчиња дома. И + се прелесни, без сецкање кромид, зеленчуци и такви ствари. Еден од моите поомилени палео оброци што многу често си го правев кога ја следев 100% таа исхрана. Сега сум малце полабава во однос на рестрикции на храна ама дефинитивно знам да се навратам на вакви оброци кај што навистина се осеќам во моја најдобра верзија. Ако сте на палео исхрана – ова е супер опција за вас, а ако не сте – ова е пак супер опција за вас зошто е супер здрав оборк со сите макронутритиви застапени.
Состојки:
За бургерчиња:
- 300 гр. мелено месо (јас користев микс од свинско + јунешко)
- 2 лажици брашно од хељда
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 1/4 лажичка бибер
- 1 лажичка оригано
За компирчиња:
- 3 големи компири, млади
- малку маслиново масло или масло по желба
- сол и бибер
Начин на подготовка:
- За бургерчињата само се додаваат сите состојки во сад и (најубаво со раце) се меша за се да се соедини и да се добие смеса.
- Се формираат плескавички во големина по желба. Јас сакав моите да бидар малечки ама feel free да ги направите колкави и да сакате.
- Се загрева грил тавче со малку масло за готвење на средно-висока температура. Кога убаво ќе се загрее, се додаваат бургерчињата и се пржат по 4-5 минути од страна или онолку колку што сакате да бидат испржени.
- За компирчињата. Компирите убаво и темелно се мијат. Јас лушпата не ја излупив зошто компирите беа млади. Ама ова е по желба, може и лупени и не лупени. Се сечкаат на тенки ленти и се додаваат во голем длабок сад.
- Се додаваат зачини, маслиново масло доволно, за да ги прелие сите ама не да се цедат во зејтин и се промешува за секое компирче да биде опфатено со зачини и масло.
- Е сега – пробав две опции на печење – двете подеднакво вкусни така да ствар на желба е тука што сакате да користите.
- За печење во рерна – се загрева рерната на 200º и се поставува хартија за печење на тава за печење. Се додаваат компирчињата така што не смеат да се допираат едно со друго. Значи помеѓу секое компирче да има малку простор и само вака ќе бидат еднакво и екстра крцкави. Се печат околу 30тина минути (со повремено превртување) или се додека не се испечени по ваша желба. Се оставаат малку да се оладат па се сервираат.
- За air fryer опција – се загрева апаратот на 200º и потполно истата постапка само се додаваат во апаратот наместо во рерна. Зависи колкав ви е апаратот зошто има различни големини ама важно е да бидат во еден ред – значи да не се преполни апаратот инаку нема да се испечат еднакво. Можеби ќе биде потребно да се печат и на неколку тури. Моите ги печев околу 15-20 минути со повремешно промешување ама ова сепак ќе зависи од самиот апарат, големината на компирите и слично така да проверувајте од време на време.
- Вака подготвени бургерите и компирите може да се складираат во стаклен сад (кога ќе се оладат) до 3 дена без проблем. Пред оброк – подгрејте во air fryer или рерна и вкусно е како тазе направено :).
- Инаку јас сакам да ги сервирам со мнооогу зелена салата и тостирани семки одозгора. Лесен, брз и превкусен оброк.
(Visited 2.966 times, 1 visits today)