Состојки:

  • 45 гр. (1/2 cup) овесно брашно
  • 65 гр. (1/2 cup) брашно од хељда
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 180 мл. (3/4 cup) бадемово млеко (или млеко по желба)
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажица кокосово масло (стопено)
  • 1 лажичка чиа семе (по желба)
  • 2 моркови (излупени и изрендани)
  • 1 шака оревчиња, исецкани на ситно

Начин на подготовка:

  1. Во голем длабок сад се додаваат овесното и хељдиното брашно, цимет и прашок за пециво. Се промешува за да се соединат состојките.
  2. На оваа смеса се додаваат бадемовото млеко (или млеко по желба), сок од лимон и кокосовото масло и повторно се промешува се додека течните состојки не се соединат со сувата смеса. 
  3. На крај се додаваат ренданите моркови, чиа семето и оревчињата. Се промешува, за да се соединат и распоредат во смесата.
  4. Се загрева тава на средна температура и се додава малку масло за готвење (јас користев кокосово масло).
  5. Кога маслото ќе биде потполно загреано се додаваат 2 големи лажици од смесата и се формира палачинка. Смесата треба ќе биде доста густа па затоа потребно е да ја формирата палачинката со лажица или шпатула. Се пржи 2-3 минути, се превртува и се пржи уште дополнителни 2 минути. 
  6. Постапката се повторува со остатокот од смесата. Со оваа смеса излегуваат околу 5-6 палачинки. 
  7. Се сервираат топли со топинзи по желба или пак се чуваат во затворен сад до 3-4 дена во ладилник.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ И овесно и хељдино брашно може да си направите сами. Само додадете зрно хељда/овес во блендер и блендирајте додека не се иситни и не се добие текстура на брашно. Мерете после блендирање.

→ Во овој рецепт нема додадено шеќер, но затоа по желба може да си додадете како топинг, пред сервирање. 

→ Морковите може да ги изблендирате во блендер на ситно или пак ако користите класично ренде, користете го ситниот дел, за да бидат што е можно поситно изрендани.

→ Јас како топинг користев Грчки јогурт (за екстра протеин), свежо овошје и гранола.

(Visited 6.201 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *