


Состојки:
- 25 гр. (1/4 cup) овесно брашно
- 30 гр. (1/4 cup) какао
- 1/2 лажичка прашок за пециво или 1/4 лажичка сода бикарбона со малку лимон или оцет
- половина зрела банана, пасирана
- 4 лажици мед
- 80 гр. (1/3 cup) млеко од јаткасти плодови
- 2 коцки црно чоколадо, по желба
- 2 лажици путер од индиски ореви, по желба
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 200º и се подготвуваат две мини тањирчиња што се отпорни на висока температура. Јас користев тањирчиња што се за крем бруле, ама може да користите било какви. Може да ставите хартија за печење за лесно да се одвојат или пак да ги премачкате со малку масло.
- Во длабок сад се додаваат сите суви состојки. Се промешува.
- На оваа смеса се додаваат и сите останати течни состојки и убаво се промешува за да се соединат.
- Се додава половина од смесата во двете калапчиња. Се додава по една коцка црно чоколадо и 1 лажица путер од индиски ореви во калапчињата па потоа се достава и остатокот од смесата.
- Се печат 15тина минути.
- Се оставаат малку да се оладат пред да да се сервираат. Јас ги сервирав со малку какао и свежи малини и рибизли и искрено беше супер кул и интересен викенд доручек за мене.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Медот може да се замени со било каков течен засладувач. Јаворов сируп, агаве, сируп од урма, меласа или засладувач по желба
→ Црното чоколадо и путерот од индиски е скроз по желба. Јас го додадов за mini suprise во средината на колачот ама може и да го прескокнете.
(Visited 1.267 times, 1 visits today)