


Состојки:
База:
- 150 гр. (1 cup) јаткасти плодови (јас користев микс од ореви, лешници и бадеми ама слободно користете што ви одговара – може микс или само еден тип)
- 2 лажици какао во прав
- 175 гр (1 cup) урми
- 1 лажица кокосово масло (или повеќе)
10тина јагодки, измиени и исецкани на мали парчиња
Фил:
- 210 гр. (1+1/2 cup) индиски ореви, киснети најмалку 2 часа или преку ноќ во вода
- 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
- 100 гр. (1/3 cup) агаве
- 10 гр. (1/3 cup) какао
- 200 мл. (помалку од 1 cup) млеко од кокос во конзерва
ситно сецкани ф’стаци или други јаткасти плодови за топинг
Начин на подготовка:
- Се припрема калап. Јас користев силиконски каписли за мафини меѓутоа може било што да послужи како калап. Може да користите керамичка или стаклена тава, плехче за тарт, тава за мафини и слично…
- Во сецко или блендер се додаваат јаткастите плодови и какаото и се блендира се додека не се иситнат на мали парчиња. Се додаваат урмите (без семка) и кокосовото масло и се блендира се додека не се соединат и не се добие леплива смеса што може да се оформува. Доколку е потребно се додава и повеќе кокосово масло за да помогне во соединување на смесата.
- Се притиснува смесата во калапот убаво и рамномерно. Ако користите калап за мафини – мене ми искочија околу 10.
- Се додаваат и исецканите јагодки веднаш над базата без посебен распоред. Оставете во замрзнувач додека го подготвуваме филот.
- Киснетите индиски ореви се премиваат со ладна, чиста вода и се процедуваат. Се додаваат во блендер со сите останати состојки од филот и се блендира се додека не се добие соединета, кремава смеса.
- Се распоредува филот врз базата и убаво се протресува калапот за да искочат сите меурчиња и да добиеме рамна подлога.
- Се остава во замрзнивач да се зацврсти најмалку 2 часа или идеално преку ноќ.
- Се вадат од калапите или ако користите тава, се сечат и на крај се додаваат и исецканите ф’стаци и се притиснуваат за да се зацврстат.
- Може да стојат во фрижидер до 7-8 дена ама за најубав резултат чувајте во замрзнивач (и до 1 месец) и само извадете 10тина минути пред конзумирање 🙂
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Агавето може да го замените со било кој друг течен засладувач.
→ Кокосовото млеко од конзерва може да го замените и со друго млеко по желба (растително или кравјо) со тоа што се додава малку повеќе од наведената количина. Вкусот нема да биде толку rich ама секако ќе бидат превкусни.
(Visited 3.998 times, 1 visits today)