
Чоко “оризови” галети
Состојки:
- 100 гр. (4 cups) крцкава хељда (може да се замени со крцкав ориз)
- 60 гр. (1/4 cup) путер од бадеми (или путер од јаткасти плодови по желба)
- 113 гр. (1/3 cup) мед
- 52 гр. (1/4 cup) кокосово масло, стопено (или путер)
- 3 лажици какао
- 10 лажици кокосови снегулки (по желба, може и без ова)
Начин на подготовка:
- Се додава тенџерче на ниска температура и се додаваат медот, кокосовото масло и путерот од бадеми. Се промешува и се топли се додека смесата не се соедини. Внимателно, да не изгори. Доволни се неколку минутки само состојките да се растопат.
- Во голем, длабок сад се додаваат крцкавиот ориз или хељда, какаото и кокосовите снегулки доколку се користат. Се промешуваат за да се соединат.
- На оваа смеса се додава течната смеса и се промешува се додека не се соедини. Може тука да користите раце за течната смеса убаво да се опфати и прелие во сувата.
- Се додава смесата во мал сал (јас користев во големина од 20×20) претходно обложен со хартија за печење. Се додава смесата и се притиска со лажица или шпатула за да се израмни.
- Се остава во ладилник да се зацврсти најмалку 3 часа или преку ноќ. Кога ќе биде убаво зацврстено, се сече на коцки.
(Visited 4.302 times, 1 visits today)