Состојки:

За колач:

  • 150 гр. (1+1/2 cup) овесно брашно
  • 100 гр. (1 cup) мелени бадеми
  • 40 гр. (1/3 cup) какао
  • малку морско оревче + ѓумбир
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 105 гр. (1/3 cup) јаворов сируп
  • 1 јајце
  • кора од 2 портокали
  • сок од 1 портокал
  • 55 гр. (1/4 cup) кокосово масло, стопено
  • 180 мл. (3/4 cup) млеко од бадеми

За чоколаден прелив:

  • 170 гр. (1 cup) чоколадни капки или 1 црно чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло

За топинг:

  • сецкан портокал
  • бадем ливчиња
  • или нешто по твоја желба 🙂

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 160º и се пропрскува со кокосово масло калапот за колачот. Може да се користи било каков калап. 
  2. Во голем длабок сад се додаваат сите суви состојки. Убаво се промешува за да се соединат. 
  3. Во оделен сад се додаваат сите останати состојки (без кората од портокал) и се промешува за да се содинат. Оваа смеса се додава на сувата смеса и се промешува за да се соединат и сите состојки убаво се искомпонираат. 
  4. На крај се додава и кората од портокал и нежно се промешува за да се соедини со смесата.
  5. Се додава смесата во калапот за печење и се пече 40 минути. 
  6. За чоколадниот прелив се додаваат чоколадото и кокосовото масло во мало тенџерче и на многу ниска температура се остава да се растопи. 
  7. Се додава како прелив на колачот и одозгора се додаваат топинзи по желба.
  8. Се остава малку да се зацврсти пред да се исече. 
  9. Највкусно е секако кога е топло и тазе ама инаку може да се чува на собна температура 2 дена или во ладилник до 5 дена. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Не заборавајте да го мерите овесното брашно и бадемите од како ќе ги сомелете. 

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било каков друг течен засладувач по желба.

→ Млекото од бадеми може да се замени со било какво друго млеко од јаткасти плодови или пак со обично млеко.

→ Ако не ви се рендаат два портокали, користете кора од само еден портокал, тој што потоа ќе го искористите и сокот за овој рецепт. Ама јас мислам дека дава екстра zesty touch на самиот колач па highly reccomended. 

(Visited 7.828 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *