Ми требаа 3-4 обиди, за да ги направам перфектниии овие ама дефинитивно вредеше зошто крајниот резултат искочи 10/10. Ако ви се допаднаа моите чизкејк-чиња од капини (а знам дека сите што ги пробаа – ги обожаваат) – тогаш овие се дефинитивно за вас ! Леле дечки ептенннн ќе ви се свиѓаат. Значи се топат во уста. 

Неколку забелешки што ќе треба да ги знаете пред да преминеме на рецептот:

→ Може слободно да го направите само филот (без базата) и да сервирате како пудингче. Филот е СОН ! С О Н ! Многу вкусно и лесна варијанта за брзо десертче. Сервирајте во чашка со свежо овошје и исецкани оревчиња и voila – лесен, брз, вкусен и здрав десерт.

→ Јас овој пат го направив како тарт (тавата за мафини ми беше за миење 🤣) инаку може да користите било каков сад за обликување. Во тава за мафини, во калап за торта, во тава за печење леб… Буквално во што сакате.

→ За разлика од чизкејковите од капини каде што базата ни беше индиски ореви, во овој рецепт не користиме индиски ореви и кремастата текстура доаѓа од бананите и другите состојки, но резултатот останува ист – перфектно кремаст, се топи во уста ФИЛ.

Чоколаден банана чизкејк тарт:

Состојки:

За база:

  • 210 гр. (1+1/2 cup) бадеми
  • 40 гр. (1/2 cup) сув кокос (кокосови снегулки)
  • 8 урми
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1/2 лажичка ванила
  • малку сол

За фил:

  • 2 зрели банани
  • 5 урми
  • 120 мл. (1/2 cup) кокосово масло, стопено
  • 50 мл. (1/4 cup) кокосово млеко (од конзерва)*
  • 4 лажици какао
  • 1 лажичка мака во прав (по желба, ама препорачливо)
  • Доколку урмите се многу тврди, оставете ги во врела вода 1 час да омекнат.
  • Филот го пробав и со бадемово млеко (што е потечно од кокосово млеко во конзерва) и искочија вкусни меѓутоа текстурата не држеше толку цврсто како со кокосово млеко од конзерва. И за нијанса беа по водлести. Ако можете да најдете кокосово млеко од конзерва би било идеално, но ако сакате да ги пробате и со бадемово или кравјо млеко – слободно можете меѓутоа би требало малку да скратите на количината.
  • Маката е скроз по желба ама освен што е СУПЕРХРАНА и супер за здравјето – сакам да ја користам зошто кога е во комбинација со урми навистина дава некој карамеласт yum вкус па супер би било ако ја додадете.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво припремете ја тавата/садот што ќе го користите како калап за баровите. Јас користев округла тава во димензија од 20 см. меѓутоа може да се користи и тава за мафини, тава за печење леб и слично.. Се обложува со хартија за печење и се остава на страна.
  2. Во блендер се додаваат бадемите, кокосот и малку сол и се блендира се додека не се иситнат на мали парчиња. Не претерувајте со блендирање зошто бараме crunchy effect. Мали парченца – не премногу ситно, не премногу крупно. Смесата се додава во голем длабок сад. 
  3. Во блендер се додаваат урмите, кокосовото масло и ванилата. Се блендира се додека не се добие “карамела” од состојките. 
  4. Сувата смеса од бадеми и кокос се враќа во блендерот заедно со смесата од урмите и се блендира се додека се тоа не се соедини и не се добие леплива текстура што ќе може да се залепи и оформи. Доколку е премногу сува додадете уште некоја урма или малку кокосово масло. Доколку имате мал блендер и не може да постигне да изблендира се – измешајте ја смесата со урми и смесата со бадеми со раце.
  5. Добиената база се додава во садот и се притиснува рамномерно и еднакво. Користете чаша или некој предмет за полесно да ја истапкате и наместите базата.
  6. Сите состојки за филот се додаваат во блендер и се блендира додека смесата не се соедини и не се добие кремаста, чоколадна, свиленкаста смеса. 
  7. Филот се додава на базата, се израмнува со шпатула и садот се остава во замрзнивач 2-3 часа пред да се исече или пак во ладилник преку ноќ.
  8. Додадете топинзи по желба и тоа е тоа :).
  9. Баровите може да се чуваат во замрзнивач до 1 месец. Пред да ги сервирате извадете ги 10тина минути да се одмрзнат. Може да се чуваат и во ладилник до 10тина дена. Никако не ги оставајте на собна температура зошто филот може да се стопи. 
(Visited 15.716 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *