Состојки:

  • 1+1/3 cup (220 гр.) чоколадни капки или сецкано црно чоколадо
  • 6 лажици кокосово масло, стопено
  • 6 јајца, поделени на белки и жолчки во различни садови 
  • 1/2 cup (95 гр.) кокосов шеќер
  • 1/2 лажичка еспресо во прав*
  • какао, за топинг (по желба)
  • малини, за топинг (по желба)
  • крем од индиски ореви како фростинг (по желба)

**еспресото е по желба, не мора да го додадете ама му дава многу убав шмек на целиот колач. Користиме само малку, чисто за вкус и нема да има тортата вкус на кафе воопшто.

Начин на подготовка:

  1. Во мало тенџерче додадете ги чоколадните парчиња и кокосото масло на многу ниска температура. Промешувајте повремено се додека не се растопи. Внимавајте на да не изгори ! Тргнете го на страна и оставете го да се олади.
  2. Во голем, длабок сад додадете ги белките и со рачен миксер матете околу 5-6 минутки односно додека не се добие воздушеста, бела смеса. Јас немав миксер па матев на рака со метална маталка што значи возможно е и така :). Исто ми одзема околу 5-6 минутки и добар бицепс тренинг ама искочи успешно. 
  3. Во смесата со белки постепено додавајте од кокосовиот шеќер. Смесата сега ќе стане кафеавкаста. 
  4. Во тенџерчето со (оладено) стопено чоколадо додадете ги жолчките и еспресото и убаво промешајте. 
  5. Оваа чоколадна смеса додадете ја на смесата со белки. Со силиконска шпатула убаво промешајте. Внимавајте да не премешувате зошто сакаме да остане воздушеста текстура на тортата. 
  6. Додадете ја смесата во калап за торта, претходно обложен со хартија за печење. 
  7. Печете 45 минути на претходно загреана рерна од 150º.
  8. Оставете да се олади малку па извадете од калап и сервирајте со какао, малини и крем од индиски ореви. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Кокосовиот шеќер може да го замените со кафеав шеќер или некој течен засладувач по желба. Вкусот и текстурата ќе биде малку изменет меѓутоа би требало да биде подеднакво вкусно.

→ Доколку користите црно чоколдо, моја препорака е да биде со што повеќе процент на какао (мин. 80%). Да не внесуваме шеќер безпотребно, тортата и онака е вкусна и сочна.

→ Слободно може наместо торта да ја претворите во барови. Печењето останува исто, само сечете на барови. 

→ Искрено не знам колку долго би имала рок на траење, кај нас се изеде за 2 дена :). Ама моја претпоставка 2 дена на собна температура и 4 до 5 дена во ладилник.

(Visited 1.730 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *