Чоколадни бомбици со малина (RAW)

Состојки

За бомбици

  • 150 гр. индиски ореви
  • 35 гр. кокосови снегулки
  • 60 мл. јаворов сируп (или мед)
  • 2 лажици кокосово масло (на собна температура, не комлетно стврднато)
  • неколку замрзнати малини 

За чоколадниот прелив*

  • 120 мл. кокосово масло (стопено)
  • 60 мл. јаворов сируп
  • 80 гр. какао во прав
  • Може да се користи 1 чоколадо стопено во замена за чоколадниот прелив

Начин на подготовка

  1. Во блендер или мултипрактик се додаваат индиските ореви и кокосот и се пулсира додека не се иситнат на малечки парчиња. Текстурата е во зависност од желбата. Ако се иситнат на многу ситно текстурата на бомбиците ќе биде по кремаста, а доколку се остават и поголеми парчиња текстурата ќе биде по крцкава
  2. На истата смеса се додаваат и останатите состојки за бомбиците и се блендира додека сите состојки не се соединат 
  3. Смесата треба да биде доволно леплива за да може лесно да се формираат топчиња без да се распаднат. Доколку е премногу сува се додава уште малку јаворов сируп или кокосово масло се додека не се постигне посакуваната смеса
  4. Од добиената смеса се формираат топчиња во големина по желба и во средината се додава по една малинка и повторно се ролаат така да малинката биде во средина и од сите страни е покриена од смесата
  5. Се оставаат во фрижидер да зацврстат а во меѓувреме се подготвува чоколадниот прелив
  6. Сите состојки за чоколадниот прелив се додаваат во мал длабок сад и се мешаат додека не се добие течна соеднета смеса налик чоколаден прелив
  7. Доколку се користи готово чоколадо само се топи во микробранова или на рингла во мало тенџерче
  8. Секоја бимбица се прелива во чоколадниот прелив и по желба се проросуваат со кокосови снегулки
  9. Бомбиците се оставаат во фрижидер да зацврстат половина час и потоа се спремни за конзумирање
  10. Се чуваат во фрижидер или пак замрзнивач и до неколку месеци
(Visited 3.877 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *