
Состојки:
- 1 cup (250 гр.) таан
- 1/2 cup (160 мл.) агаве
- 2 јајца
- 1/2 лажичка ванила екстракт (по желба)
- 1/3 cup (40 гр.) какао
- 1 лажичка прашок за пециво
- малку сол
- 1 црно чоколадо, исецкано на ситно
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија за печење на тава за печење. Јас користев во димензии 20х20.
- Во голем, длабок сад се додаваат сите состојки по редоследот наведен погоре и убаво се промешува се додека не се соединат и не се добие чоколадна смеса. На крај се додаваат и чоколадните парчиња и се промешува уште еднаш за да се распоредат во смесата.
- Смесата ќе биде леплива и густа ама доволно течна за лесно да се додаде во садот за печење.
- Се пече 25 минути, оставете малку да се олади па исечете на барчиња.
- Колачот може да стои на собна температура 2 дена, во ладилник до 5 дена или да го замрзнете до 1 месец. Пред конзумирање стоплете во рерна или во микро.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Ако не го сакате вкусот на таан, заменете со било каков друг путер од јаткасти плодови.
→ Агавето може да се замени со било кој друг течен засладувач. Мед, јаворов сируп, меласа и слично..
→ По желба може да додадете и други топинзи како шумско овошје, рендани јаболки или круши, кокос и слично…
(Visited 6.343 times, 9 visits today)