Чоколадни чашки со фил од малина 

Состојки

За чоколадните чашки

  • 90 гр. какао во прав
  • 160 гр. кокосово масло, стопено
  • 80 гр. јаворов сируп
  • малку сол

За филот од малина

  • 90 гр. овесни снегулки, малку иситнети и изблендирани во блендер
  • 50 гр. кокосови снегулки
  • 130 гр. свежи или замрзнати малини (за замрзнати малини или се оставаат да се одмрзнат неколку часа претходно или се ставаат во цедалка и се поливаат со топла вода)
  • 2 лажици кокосов крем (од кокосово млеко во конзерва горниот густ бел дел)
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 1 лажица кокосово масло,стопено
  • 1 лажичка ванила

Начин на подготовка

  1. Се спрема тава за мафини и се редат 9 каписли
  2. Во длабок сад се додаваат сите состојки за чоколадните чашки и се промешува додека не се соедини и не се добие чоколадна смеса
  3. Се додава по една лажица во секоја каписла со тоа што се додава малку и од страните. Најлесен начин за ова е со задната страна од лажицата да преминете по страните од капислата
  4. Се оставаат во фрижидер да зацврстат додека се прави филот
  5. Во блендер или во сад се пасираат малинити. Ако се користи блендер текстурата би била многу по кремаста па би препорачала ако има опција да се изблендираат наместо да се пасираат
  6. Пирето од малини се става во длабок сад и се додаваат и останатите состојки за филот. Се убаво се промешува додека не се добие густа богата смеса
  7. Се формираат мали топчиња во големина од една лажичка од филот и се додаваат во секоја каписла над слојот од чоколадо. Се израмнуваат на површината така што кога ќе се стави слојот од чоколадо комплетно ќе се покријат
  8. Со остатокот од чоколадото се преливаат сите каписли врз слојот од малини
  9. Тавата се остава во фрижидер да зацврсти 1 час или повеќе пред да се извадат од капислите

ЗАБЕЛЕШКИ и НАПОМЕНА

→ Со оглед на тоа што ќе остане голем дел од филот за малини не искористен може да се искористи како филинг за нешто друго или пак може да се дуплира дозата за чоколадните чашки 

→ Замена за кокосовиот крем не сум пронашла меѓутоа мислам дека рецептот ќе биде успешен и без тоа. Кокосовиот крем дава многу убав вкус меѓутоа може да се прескокне ако немате достапно 

→ Брзо се топат поради кокосовото масло па препорачувам да се чуваат во фрижидер постојано

→ Може да се замрзнат и до 2 месеци. Пред конзумирање се вадат и се оставаат 10тина минути на собна температура

→ Јаворовиот сируп неможе да се замени со МЕД. Може евентуално со агаве нектар меѓутоа вкусот ќе биде доста поразличен

(Visited 1.958 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *