Состојки:

Чоколаден слој:

  • 170 гр. (1 cup) чоколадни капки
  • 2 лажици кокосово масло

Путер од бадеми слој:

  • 150 гр.  путер од бадеми
  • 40 гр. кокосово масло, омекнат
  • 1 или 2 лажици јаворов сируп
  • 1 лажичка ванила (по желба)

Топинг:

  • неколку коцки црно чоколадо, исецкано
  • бадемов лист
  • Или некој топинг по ваша желба (не е неопходно)

Начин на подготовка:

  1. Се подготвува тава за мафини или индивидуални калапи за мафини. Се додаваат каписли (или хартија за печење) за полесно да се отстранат чашките кога ќе се зацврстат.
  2. Во мало тенџерче на многу ниска температура се додаваат чоколадните капки и кокосовото масло. Се остава комплетно да се растопи со повремено мешање. Оваа постапка може да се направи и во микробранова доколку имате.
  3. Се додаваат (околу) 2 лажици во капислите од чоколадниот прелив. Одприлика би излегле 8-10 чоколадни чашки зависно од големината на калапите.
  4. Тавата се остава во замрзнивач додека се подготвува вториот слој.
  5. Во мало тенчерче се додаваат сите состојки за слојот со путер од бадеми. На ниска температура се меша константно се додека сите состојки не се соединат и не се добие кремаста, изедначена текстура.
  6. Овој слој треба да биде нешто помеѓу густо и течно и може да варира во зависност од типот на путер од бадеми што ќе се користи. Доколку е премногу течно може да се додаде малку брашно, за да се згусне. На пример: овесно брашно, кокосово, мелени бадеми и слично.
  7. Добиената смеса се додава на (стврднатиот)  чоколаден слој. Се израмнува и се додаваат топинзи по желба. Тавата со чашките се остава да се зацврти во ладилник или замрзнивач.
  8. Јас ја оставив во ладилник преку ноќ, меѓутоа може да се стави во замрзнивач 2-3 часа за побрзо да се зацврстат.
  9. Кога ќе бидат комплетно стврднати се отстрануваат чашките од капислите и се спремни за јадење.
  10. Чашките МОРА да се чуваат во ладилник зошто брзо се топат (особено вториот слој). Јас сакам да ги чувам во замрзнивач и по потреба да извадам колку што ми се потребни. За да се одмрзнат само ги оставам 10тина минути на собна температура.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Путерот од бадеми може да се замени со било каков путер од јаткасти плодови или таан.

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач по желба или комплетно да се исфрли доколку самото чоколадо ви е доволно благо.

→ Наместо чоколадни капки, може да се додаде црно чоколадо. Може ќе бидат потребни и две. Само претходно исецкајте ги на мали парчиња за полесно да се стопат.

(Visited 6.305 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *