Состојки:

  • 250 гр. (2 cups) индиски ореви, киснети во вода
  • 10 урми
  • 2 лажици меласа (molasses)
  • 55 гр. (1/2 cup) кокосово брашно
  • 40 гр. (1/3 cup) какао
  • рендана кора од половина портокал (по желба)
  • малку сол
  • 1 лажичка Божиќен зачин или ½ лажичка цимет + 1 лажичка ѓумбир во прав

За чоколаден прелив:

  • (1/2 cup) чоколадни капки или 1 чоколадо искршено на парчиња
  • 1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Во мало садче се додаваат индиските ореви и се потопуваат со ладна вода, доволно да ги прелие сите. Се оставаат така преку ноќ да отстојат и да набабарат. За брза постапка, наместо со ладна вода се преливаат со зовриена, врела вода и се оставаат да стојат така попарени 1.5-2 часа.
  2. Се цедат од водата во која што стоеле индиските ореви и се премиваат и цедат со ладна, чиста вода. Убаво се цедат и се додаваат во блендер или мулти практик.
  3. Се блендираат малку па потоа се додаваат урмите (без семка), меласа и се блендира се додека не се соединат и не се добие кремаста смеса. Се додава смесата во голем, длабок сад.
  4. На оваа смеса се додаваат сите останати состојки и се промешува со лажица или со раце се додека не се соединат сите состојки и не се добие густа, мека, кремаста смеса. Можеби ќе изгледа дека ќе треба да се доде течност, за да се измеша поубаво ама don’t do that – мерките се точни и треба само малку време за да се соединат. Се остава смесата така 20тина минути во ладилник за кокосовото брашно да абсорбира од останатите состојки и полесно да се формираат топчиња.. Доколку смесата е претечна и не може да се формира бомбица од неа, додадете уште малку кокосово брашно.
  5. Се формираат бомбици во големина по желба. Моите беа во големина од смесата од 1 лажица и ми искочија околу 20тина бомбици.
  6. Се оставаат во ладилник додека го правиме чоколадниот прелив.
  7. Во микро или во мало тенџерче се додаваат чоколадните парчиња со кокосовото масло и на многу тивок оган се подгрева додека не се растопи.
  8. Секоја бомбица се прелева во чоколадниот прелив. Совет плус – за да не се лепат бомбиците за тањирот додека чоколадото не е стврднато, ставете ги на хартија за печење за лесно отстранување. Јас одозгора им додадов (проросив) малку кокосов шеќер чисто за естетика :).
  9. Се оставаат во ладилник да се стврднат и тоа е тоа. Со оглед на тоа што немаат состојки од животинско потекло и плус не се печат – рокот на траење им е доста долг. Може да чувате и во замрзнивач и до 2 месеци. Пред конзумирање само оставете да дојде на собна температура 5-6 минутки и може да се конзумираат.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ :

→ Наместо меласа може да користите било каков течен засладувач. Јаворов сируп, агаве, мед и слично… Меласата дава доста топол и празничен вкус ама сосема непотребно доколку немате при рака.

→ Кокосовото брашно може да се замени со некое друго брашно на кое не му треба печење. Пример овесно брашно, мелени бадеми и слично. Секако ќе треба да се адаптира на смесата со оглед на тоа што кокосовото брашно е доста абсорбирачко. За точна количина на секоја замена не би знаела за точно зошто немам пробано па ќе мора да експериментирате сами.

→ Зошто има доста чоколадо и какао во овие бомбици – додадов малку кора од портокал, за да ги освежи и да ги балансира другите состојки. Доколку немате при рака – слободно изоставете.

→ Јас секогаш препорачувам кралски урми за вакви сирови десерти, но доколку користете некој друг вид на урми – доколку се премногу суви оставете ги во врела вода да отстојат пред блендирање, за да омекнат и полесно да се направат во карамелеста форма.

→ Доколку имате голем, моќен блендер – целата смеса може директно да ја блендирате без да се мачите со мешање на рака. Јас користев мал блендер со помала моќност па морав вака како што е пишано во чекорите. Доколку имате помал блендер – возможно е да се направат овие бомбици само бидете внимателни и блендирајте на “тури” за да не го прегреете моторот.

(Visited 17.555 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *