Чоколадни ВЕЛИГДЕНСКИ јајца
Состојки:
- 185 гр. (3/4 cup) путер од бадеми
- 1 лажица јаворов сируп
- 1 лажица кокосво брашно (за замена – овесно брашно)
- малку сол
- 2 црни чоколади
- 1 лажичка кокосово масло
- исецкани бадеми или лешници за топинг (по желба)
Начин на подготовка:
- Во сад се додаваат путерот од бадеми и јаворовиот сируп и се промешува се додека смесата не се соедини
- Се додаваат кокосовото брашно и малку сол и повторно се промешува се додека смесата не е соединета. Зависно од путерот што го користите може ќе биде потребно да додадете малку повеќе брашно. Смесата треба да биде густа и да може лесно да се формира
- Од смесата се формираат топчиња и се додаваат на тава или сад што ќе може да се распоредат топчињата без притоа да се допираат едно со друго. Притиснете ги топчињата да бидат рамни и формирајте форма на јајциња
- Се ставаат во замрзнивач да се зацврстат
- Чоколадите и кокосовото масло се растопуваат
- Се потопуваат сите јајциња во растопеното масло и се враќаат во ладилник за да се зацврстат. Доколку користите топинзи за одозгора додадете ги веднаш одкако ќе ги потопите во чоколадото
- Оставете во ладилник или замрзнивач неколку часа за комплетно да се зацврстат пред да се сервираат
- Чувајте ги во затворен сад и до неколку недели
(Visited 4.655 times, 1 visits today)