Состојки:

  • 2 cup (450 гр.) пире од тиква
  • 2 јајца
  • 1 cup (240 мл.) млеко од бадем
  • 1/2 cup (160 гр.) јаворов сируп
  • 1/2 лажичка ванила екстракт
  • 2+1/2 cup (225 гр.) овес, крупен
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 2 лажички цимет
  • 1/2 cup (85 гр.) чоколадни парчиња + една шака за топинг

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170º и се поставува хартија за печење на калап за печење. Јас користев сад со димензии 20х20.
  2. Во голем длабок сад се додаваат пирето од тиква, јајцата, млеко од бадем, ванила и јаворов сируп. Се промешува се додека не се соединат состојките. 
  3. На оваа смеса, во истиот сад се додаваат и сите останати состојки освен чоколадните парчиња. Се промешува. Смесата треба да биде прилично течна. Ако ви искочи многу густа додадете уште 1/4 cup млеко. 
  4. На крај се додаваат и чоколадните парчиња и се распоредуваат низ смесата. 
  5. Се додава смесата во калапот за печење. 
  6. Се додаваат и остатокот од чоколадните парчиња на површината од колачот.
  7. Се пече 35 минути. 
  8. Се остава да се олади пред да се исече на барови. Додека е уште топло, ќе биде меко и ќе се распаѓа, затоа е многу важно да го оставите да се олади пред да сечете. Не е лошо ни така распаднато ама ако сакате барови – тогаш обавезно следете го овој чекор.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Можете слободно да користите и ситен овес ама моја топла препорака заз овој рецепт да набавите крупен овес за најдобри резултати.

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач.

→ Ако сакате да ви биде ова опција за доручек – би ви препорачала да намалите на чоколадните парчиња во составот – за мене лично вака е одличен десерт ама јас сакам по неутрален доручек па дури и кога е благ.

→ Наместо чоколадни парчиња може да користите сецкани јаткасти плодови (ореви би оделе идеално во оваа комбинација), кокос и слично…

(Visited 2.536 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *