
Состојки:
• 110 гр. (1 cup) кокосово брашно
• 60 гр. (1/3 cup) кокосов шеќер
• 1/2 лажичка сода бикарбона
• 4 лажици Грчки јогурт
• 4 лажици путер од индиски ореви
- 5 лажици сируп од урма
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 180º и се поставува хартија за печење на тава за печење.
- Во длабок сад се додаваат брашното, шеќерот и сода бикарбона. Се промешува.
- На оваа смеса се додаваат и останатите состојки и повторно се промешува за да се добие соединета смеса. Смесата ќе биде доста густа.
- Се формираат топчиња (бомбици) и се додаваат на тавата за печење. Се притиснуваат одозгора за да се “сплескаат”. Не се секирајте ако се распукуваат. Пробајте да им ја одржите формата колку што можете повеќе ама не е страшно и ако не се перфектни.
- Се печат 12тина минути. Остаете да се оладат пред да ги тргнете од тавата. Ќе бидат доста меки кога ќе искочат од печење ама како се ладат, така ќе се стврднуваат.
- Јас одозгора додадов Грчки јогурт помешан со малку јаворов сируп, ама тоа е скрос опционално.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Кокосовото брашно не препорачувам да се заменува со друго брашно. Инаку се работи за кокосово брашно, а не кокосови снегулки !
→ Кокосовиот шеќер може да се замени со друг засладувач во гранули.
→ Путерот од индиски ореви може да се замени со било каков друг путер од јаткасти плодови меѓутоа вкусот на колачињата ќе се измени.
→ Сирупот од урма може да се замени со друг течен засладувач ама исто како и путерот од индиски, ќе го промени вкусот.
→ Комбинацијата на путер од индиски ореви и сируп од урма го дава баш оној специфичен cinnamon bun вкус. Ако сакате да се задржите на тоа – тогаш следете го рецептот како што е напишан. Доколку измените вкусот ќе се измени, но би биле подеднакво вкусни.