Есенски палачинки од јаболки

Состојки

  • 90 гр. овесни снегулки
  • 60 гр. млеко од бадеми (или млеко по желба)
  • 120 гр. пире од јаболки*
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажица јаболков оцет**
  • 1 лажица мед
  • 1/4 лажичка морско оревче (зачин)
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка кардамом (зачин)
  • многу малку ѓумбир во прав
  • Доколку се користи купечко пире од јаболки внимавајте да биде со 100% јаболки без додадени состојки.Јас го купувам во ДМ супермаркетите
  • Јаболковиот оцет се додава за да се добие реакција со прашакот за пециво која ќе помогне да пораснат палачинките при пржење и да се добие тој fluffy ефект

Начин на подготовка

  1. Сите состојки се додаваат во блендер и се блендира неколку минути се додека не се добие соединета,кремаста смеса
  2. Може да се користи и рачен миксер или пак да се измешаат сите состојки рачно меѓутоа препорачувам да се користи блендер за максимум smooth текстура
  3. Смесата се остава да отстои на собна температура 5-10 минути за да се згусне
  4. Се загрева нелеплива тава за пржење на средно-висока температура и се додава малку кокосово масло или масло по желба
  5. Кога маслото ќе биде загреано се додава околу 2-3 лажици од смесата и се израмнува површината за да се добие форма на палачинка
  6. Се пржи околу 1-2 минути од едната страна, се превртува и се пржи уште 1-2 минути на другата страна
  7. Се повторува со постапката со останатата смеса
  8. Се додаваат топинзи по желба и се сервираат топли 

Забелешки и совети

→ Палачинките може да стојат 1-2 дена на собна температура или во фрижидер неколку дена

→ Палачинките може да се замрзнат. Кога ќе се испржат, се оставаат комплетно да се оладат и се складираат секоја одделно во кесички за замрзнување. Се оставаат во замрзнивач и до 5-6 месеци. За повторно конзумирање може да се потпечат на тостер или пак во загреана рерна неколку минути се додека не се одмрзнат

(Visited 2.699 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *