Есен е правото време да си седите дома, на топло, со некоја сериичка и + да пробате некое здраво рецептче. Во прилог ги собрав подобрите есенски рецепти што МОРА да ги пробате. Некои се постари, некои понови ама во случај да сте ги пропуштиле еве ги тука. Во случај да пробате некои од нив – не заборавајте да ги шернете и да ме тагнете @snestorovskaa зошто ептен се радувам кога ги гледам вашите рекреации.
Есенски рецепти што мора да ги пробате оваа есен:
Банана цимет есенски леб
Мислам дека нема потреба да кажувам колку сакам банана леб. Една од моите поомилени работи да правам. Тоа може да се примети и по 100те рецепти и варијации на банана леб што може да се најдат на овој блог. Ама ако бираме омилени – морам да кажам дека овој ми е мене. Перфектен за meal prep, односно да си го испечете па да си имате спремен доручек за неколку денови.
Есенски палачинки
Расположени за викенд доручек ? Овие палачинки дефинитивно се перфектен избор. А уште ако имате многу јаболки што не знаете како да ги искористите – еве одличен начин. А ако сакате да одите еден чекор подалеку – пирето од јаболки може да си го направите сами. Малку повеќе време одзема ама ОМГ не знаете колку е добро.
Пире од јаболки
Дефинитивно нешто што мора да го пробате оваа есен. Јас секоја сезона на јаболки го правам и дечки….. Освен што цел стан ќе мириса на есен, не знаете колку е вкусно. Освен што може да си го користите во рецепти каде што се бара пире од јаболки, може да си го јадете и само него, како кашичка. ПРЕ ВКУ СНО !
Овесни чашки со фил од јаболки и солен карамел
Звучат и изгледаат комплицирано, ама верувајте ми кога ќе ви кажам дека се толку едноставни по состав и постапка што нема да ви се верува. Имам оставено и кратко видео за како да ги направите чашките па мислам дека процесот на подготовка ќе ви биде уште полесен.
Полнети крушки
Не сте фан на јаболки ? I’ve got you covered. Полнети крушки со гранола филинг. Слободно може да замените и со јаболки доколку тоа е нешто што повеќе ви се допаѓа. Лесно, едноставно и дефинитивно нешто што сакате да го направите за гости или dinner party. На сите ќе им се допадне, а може да се направат повеќе порции од еднаш.
Јаболко-цимет (доручек) мафини
Дефинитивно најправениот рецепт од сите мои рецепти на блогот. Овие мафинки беа апсолутен хит. Ако не сте ги пробале до сега – мора одма да ги пробате, а ако ги имате пробано – ова е мало потсетување да си ги направите пак. Перфектни за доручек on the go, мини десертче или пак ужинка.
Тиква браунис
Зарем мислите дека ќе ја заборавиме тиквата ?? Еве еден интересен начин како може да ја искористите доколку ви остане leftovers од печена тиква. Нема никакво брашно во овие браунис ? Ви се верува ??? Во замена за тоа користев мелени бадеми ама текстурата искочи подобро и од моите очекувања.
Есенска салата
И за крај ја оставам и оваа есенска салатка тука. Again, перфектно за meal prep. Ги подготвувате сите состојки, ги складирате во оделни садови и само пред јадење, ја составувате. Сите вкусови толку допринесуваат и се така искомбинирани што немате појма колку е вкусно. Дефинитивно салатка-оброк што ви е потребна оваа есен.