Што е фалафел?

Фалафел е еден вид на ‘ќофте’ направено од наут,свежи билки и зачини.Од смесата се формираат топчиња и тие потоа се пржат во длабок зејтин за да се добие крцкава коричка а мека тектсура во внатрешноста. Оргиналниот рецепт потекнува од Средниот Исток и многу често се продава како street food сервирано во гиро пита или како дел од мезе.Особено е популарно во веганската и вегетеријанската исхрана затоа што не содржи млечни и месни производи.

Зависно од тоа во кој крај се купува,секаде имаат различни варијанти и начини на кои се приготвува.

Фалафел е едно од моите поомилени јадења и до сега имам направено мал милион варијации ама овој дефинитивно е победникот. Традиционално фалафелот се пржи и со овој рецепт може да го направите тоа меѓутоа јас се одлучив за малку полесна варијанта – печење. При печење се користи многу малку зејтин а се добива подеднакво вкусен фалафел со крцкава коричка. Ќе ги споделам сите начини на кој може да се зготви а вие одберете за кој ќе се одлучите.

ФАЛАФЕЛ

Состојки

  • 200 гр. наут, покиснат во вода од вечерта претходно (10-12 часа)*
  • 1 кромид во средна големина, исецкан на мали коцки
  • околу 50 гр. магдонос, ситно исецкан,гранчињата отстранети
  • 3 чешниња лук,ситно исецкани или истолчени
  • 1 лажичка кимион (зачин)
  • 1 лажичка сол
  • 1/4 лажичка црн бибер
  • 2 лажици брашно од наут или 2 лажици брашно од хељда**
  • 1/2 лажичка сода бикарбона

*Во длабок сад се додава наутот и се потпопува со вода 3 пати повеќе.Садот со наут се остава на собна температура покриен да отстои најмалку 10 часа идеално од вечерта пред да се подготвува. Наутот ќе се зголеми одприка 3 пати повеќе од оргиналната форма па затоа е потребно да биде ставено во поголем сад и потопено со доволно вода. ВО ОВОЈ РЕЦЕПТ НЕМОЖЕ ДА СЕ ЗАМЕНИ НАУТ ОД КОНЗЕРВА.

**Може да се користи било какво брашно па дури и обично пченкарно.Јас најчесто користам брашно од хељда затоа што многу лесно се наоѓа по нашите маркети.

Начин на подготовка

  1. Наутот се цеди од водата во која што стоел и се премива со чиста ладна вода
  2. Наутот се додава во сецко или мултипрактик заедно со кромид,магдонос,лук,кимион,сол,бибер и се пулсираат неколку пати се додека не се добие ситно исецкана и соединета смеса.Не претерувајте со пулсирање и блендирање за смесата да не стане премногу кремаста и без текстура
  3. Добиената смеса се префрла во голем длабок сад и се додаваат брашното и сода бикарбона.Со лажица се промешува за да се соедини еднакво во смесата
  4. Смесата се покрива и се остава во фрижидер да отстои 30тина минути до 1 час. Ова е потребно за сите вкусови да упијат едно од друго и за смесата убаво да се зацврсти
  5. Од добиената смеса се формираат топчиња во големина по желба. Идеалната големина за мене е од одприлика 1 голема лажица смеса.Може да се остават како топчиња или пак да се сплескаат како ќофтиња.Првиот начин е идеален за пржење а вториот за печење
  6. Се поставуваат на тава за печење со обложена хартија за печење или пак се премачкува со масло за да се избегне лепење
  7. Се печат на загреана рерна од 220º – 30 минути.На половина време се превртуваат од другата страна за да добијат крцкаво златеникаста коричка од двете страни подеднакво

Освен печење во рерна фалафелот може да се подготви и на два други начина (и двата ги имам пробано-и двата се превкусни па се зависи од она што вам најмногу ви одговара)

Постапката се следи потполно исто до формирање на топчињата

  1. За пржење – се додава масло во длабоко тенџере одприлика 10 cm и се загрева на средно-висока температура. Кога потполно ќе се загрее се додаваат топчињата фалафел по неколку во исто време (не го преполнувајте тенџерето за еднакво да се испржат) и се пржат околу 2-3 минути односно додека не се испече потполно првиот слој
  2. Потпржување во тавче на рингла – на нелепливо тавче или било какво тавче по желба се додава 1-2 лажици масло и се загрева на средно-висока температура. Се додаваат ќофтињата фалафел и се пржат по 3-4 минути од двете страни

ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ

→Фалафелот е одличен како дел од meal prep затоа што може да се чува во фрижидер до 5-6 дена

→Смесата за фалафел може да се замрзне и да стои до 2-3 месеци.Се подготвува потполно исто и пред да се формираат топчиња само се замрзнува во стаклен сад.Кога ќе се подготвува само се вади од замрзнивач од вечерта претходно и се следи постапката за формирање на топчиња и готвење подеднакво исто

→Добиената смеса за фалафел треба да биде идеална за формирање на топчиња без проблеми.Доколку е премногу сува и се распаѓа може да се додаде малку водичка или лимонов сок.Доколку е премногу течна се додава уште малку брашно додека не се зацврсти

(Visited 9.651 times, 2 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *