Ок дечки, почнавте со вежбање, останавте доследни и дисциплинирани, гледате резултати, продолжувате со вежбање, поминува 1 месец, 2 месеци, 3 месеци…. ама доаѓате до период каде што:
→ вежбите и интензитетот на тренинзите не е како порано
→ вежбите и тренинзите што претходно ви ја вадат душата – сега ги правите во еден здив
→ ви се здосадува од вежбањето
→ немате иста мотивација и желба за вежбање
→ не гледате резултати и напредок во физичкиот изглед
И што сега ?! Како да продолжите понатака ??
Не се секирајте, i’ve got you covered.
Многу се големи шансите дека се наоѓате токму во оваа фаза – ФИТНЕС ПЛАТО.
Што е фитнес плато ?
Фитнес плато се случува кога телото се навикнува и адаптира на вежбите и тренинзите кои ги правиме континуирано. И се ова е супер знак дека сте биле дисциплинирани и сте си вежбале постојано, меѓутоа кога ќе дојдете во оваа фаза многу е важно да знаете како да постапите понатака, за да може да продолжите со вашиот fitness jorney да продолжите да бидете активни и дисциплинирани.
Како да излезете од оваа фаза и да продолжите понатаму ?
Ова многу ќе зависи од вашите цели, затоа како прв чекор – земете го ова. Размислете што се вашите понатамошни цели, за да може да составите план за понатака.
Доколку се чувствувате пријатно и убаво во сопственото тело, ви се допаѓа вашата рутина и сметате дека тоа е тоа – тогаш слободно продолжете понатаму како и претходно.
Меѓутоа доколку сакате да одите еден чекор подалеку (без разлика дали причината е физички изглед, фит спремност или ментално здравје) тогаш СЕГА е време да step up the game. А како да го направите тоа, ви пишувам неколку tips подолу:
- Направи промена во тренингот
Доколку следите некоја програма на вежбање – сега е време да ја промените. Може да биде еден левел погоре или комплетно да промените начин на вежбање. Пример: ако до сега сте вежбале кружни тренинзи со минимална тежнина – сега додадете поголема тежина на истиот вид кружни тренинзи. Или ако вежбате weight training – додадете и еден ден кружен тренинг или еден ден кардио ден… или зголемето го повторувањето на вежби за даденето време и слично…
Дури и малите промени, може да ви дадат дополнителна мотивација, поголем предизвик и промена во физичкиот изглед (ако тоа е нешто што го сакате)
Без разлика што вежбате, со кого (сам, во група или преку online програма) или каков вид на тренинзи правите – секогаш може да најдете начин да се притиснете малку повеќе од тоа што сте го правеле претходно.
2. Фокус на исхраната
Сите веќе знаеме колку исхраната е важна во целокупната слика за телото. Доколку до сега не бевте толку заангажирани околу тоа што јадете – сега е време да го промените. Не мора да броите калории или да се преокупирате со секое залче што го внесувате, меѓутоа може да бидете mindful и да создадете поголема свесност околу оброците во текот на денот. Со мала промена како: зголемување на протеинот во исхраната, внесување повеќе свеж зеленчук, кратење на ноќно грицкање (мојот личен guilty pleasure lol) и слично – може да видите огромни резултати, да добиете поголема мотивација или едноставно да видите како телото ќе реагира и ќе се менува.
3. ОДМОР
Колку што е важно вежбањето – подеднакво е важен и одморот. Иако доста запоставувано како дел од твојот здрав живот – одморот има подеднакво важна улога во целава оваа приказна. Еве земете ме мене за пример претходниве 3 години вежбав по 5 пати неделно, последниве 3 месеци со промена на животен стил и дневни обврски, времето ми дозволува просечно да вежбам 4 пати неделно. Верувале или не, гледам предобри резултати. ПРЕ-ДО-БРИ, не само во физички изглед него и во самите тренинзи. Со тоа што телото ми е доволно одморено можам многу повеќе и поактивно да извежбам тие 4 пати. Се чувствувам одлично. Не викам дека тоа ќе остане засекогаш вака ама едноставно сега ова функционира одлично за мене. Повеќе одмор = подобар фокус.
4. Прогресивно напредување
Викаат дека на телото му требаат 4 недели да се навикне на одредена активација со вежби. Што значи дека на секој 4 недели треба да го зголемите интензитетот на вежбањето без разлика дали е тоа зголемување на тежината, зголемување на повторувањата, намалување на пауза помеѓу вежби и слично. Зависно од вашиот стил на вежбање – најдете нешто со што ќе се push-нете за да продолжите да гледате резултати, да се одржувате фит и да давате се од себе.
Многу е нормално некогаш да се најдете во оваа ситуација. Без разлика дали вежбате 1 година или 10 години… на телото му треба промена, му треба одмор, му треба некој друг предизвик и тоа е скроз океј.
Многу е важно да најдете стил/начин/тип на вежбање за тренинзите да ви бидат интересни и да сакате да го правите тоа на долг рок, ама исто е важно и да знаете кога е време за мала промена, за појачување на интензитетот на тренинзите или можеби за некој fun, нов предизвик. Ова ќе овозможи да гледате постојано резултати со тренинзите ама во исто време да биде интересно и забавно.