Гранола барови со ореви
Состојки
- 100 гр. овесни снегулки
- 125 гр. ореви
- 50 гр. бадеми
- 30 гр. семки од тиква
- 85 гр. јаворов сируп
- 2 лажици кокосово масло,стопено
- малку сол
Начин на подготовка
- Се загрева рерната на 170º и се подготвува тава за печење со хартија за печење ( идеално тава за печење на леб за да се добијат барови во форма и големина како на сликата)
- Во блендер или сецко се додаваат овесните снегулки и оревите. Се пулсира се додека не се иситнат на мали парчиња. Можеби ќе биде потребно да се стопира апаратот, да се промеша и повторно да се изблендира. Внимавајте да не претерате со блендирање- потребно ни е да се иситнат на многу мали парчиња но не и сосема да се изгуби текстурата
- Добиената смеса се додава во голем длабок сад и се додаваат јаворовиот сируп,кокосовото масло и малку сол. Се промешува додека не се соедини
- Во истиот сад каде што се блендираа овесните снегулки и оревите се додаваат бадемите и семките од тиква и се пулсираат неколку пати додека не се иситнат на мали парчиња. Ова може да се направи и рачно користејки нож
- Се додаваат бадемите и семките во смесата и се промешува да се соедини подеднакво
- Се додава смесата во тавата за печење и се распоредува од секоја страна подеднакво.Идеално е да се користат чисти дланки за цврсто да биде натапкано во тавата
- Се пече 12 минути односно додека не се добие златеникаста боја на површината и рабовите. Доколку не е постигнат тој ефект се оставаат уште 2-3 минути,но се проверува константно за да не изгорат
- Се остава комплетно да се олади пред да се извади од тавата и да се исече на барови
Забелешки и СОВЕТИ
→ Оревите и бадемите може да се заменат со било кои други јаткасти плодови во истата количина
→ Јаворовиот сируп може да се замени со мед,агава или било кој леплив засладувач
→ Баровите може да се чуваат на собна температура или пак во фрижидер затворени во сад до 7-8 дена и повеќе
→ Кокосовото масло се мери одкако ќе биде стопено
(Visited 1.677 times, 1 visits today)