Гранола  чашки

Состојки

  • 250 гр. (2+1/2 cups) крупни овесни снегулки
  • 65 гр. (1/2 cup) ореви
  • 3 лажици путер од бадеми
  • 85 гр. (1/4 cup) мед
  • 2 белки од јајца
  • ½ лажичка ванила (опционално)
  • малку сол

Начин на подготовка

  1. Најпрво се загрева рерната на 160° и се поставуваат каписли во тава за мафини. Капислите помагаат за полесно вадење на гранола чашките кога ќе се испечат
  2. Во блендер или мултипрактик (може да се користи и нож и рачно да се исецкаат) се додаваат оревите и се пулсираат се додека не се направат во мали парчиња
  3. Се додаваат во длабок сад. Во истиот сад се додаваат и овесните снегулки и малку сол. Се промешува
  4. Во оделен сад се додаваат путерот од бадеми, мед и ванила доколку се користи. Со маталка се меша се додека смесата не се соедини и не се добие кремаста густа текстура
  5. Течната смеса се додава во смесата со овес и ореви и се промешува се додека целата сува смеса не е опфатена со течната
  6. Во мало длабоко садче се додаваат белките и користејки маталка се матат се додека не појават меурчиња и не се добие лесна пуфлеста смеса
  7. Се доаваат матените белки на смесата и со дрвена лажица лесно и нежно се промешува. Не се претерува со мешање доволно само да биде подеднакво распоредено
  8. Се распоредува смесата подеднакво во поставените каписли. (според мојата тава – искочија 9 чашки вкупно)
  9. Со дланки или со лажица се притиснува смесата од страните и на дното така што ќе се создаде форма на чашка. Се притиснува убаво за смесата да биде цврста и да не се распадне при печење
  10. Чашките се печат 15 минути односно додека не добијат златеникаста боја
  11. Се оставаат комплетно да се оладат и потоа се вадат капислите внимателно и се додава филинг по желба
  12. На сликата погоре чашките се наполнети со карамел од урми и стопено црно чоколадо. Може да се наполнат со Грчки јогурт како полесна варијанта, со пудинг, со крем од индиски ореви, со џем и слично.
  13. Доколку не се конзумираат веднаш, топинзите и филингот се складираат одеделно и се додаваат веднаш пред конзумирање. 
(Visited 1.359 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *