Состојки:
- 175 гр. (1+ ¾ cups) овесно брашно (мелени овесни снегулки)
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка цимет
- 140 гр. (1/2 cup) Грчки јогурт
- 1 банана, во средна големина (зрела со црни точки идеално)
- 60 ml. (1/4 cup) млеко од бадеми
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Се загрева апаратот за вафли. Ова е многу важно, со цел вафлите да не се залепат.
- Сите состојки се додаваат во блендер се додека не се соединат и не се добие кремаста, хомогена смеса. Доколку немате голем блендер, измешајте ги состојките во сад, со маталка или дрвена лажица.
- Зависно од тесктурата што ќе се добие – можеби ќе треба да се додаде уште малку од брашното. Смесата ќе биде причилно густичка.
- Се додава масло на веќе загреаниот апарат за вафли. Не штедете на масло J Нека биде убаво обложено за да се осигураме дека смесата нема да се залепи. Се остава маслото повторно убаво да се загрее пред да се додаде од смесата.
- Се додава од смесатана загреаното масло и се остава да се пече неколку минути односно зависно од апаратот што го имате.
- Се повторува постапката со остатокот од смесата.
- Јас ги сервирав вафлите со остатокот од Грчкиот јогурт, џем од малина, мед и искшени ф’стаци.
- Вафлите е најдобро да се сервираат топли и свежи, меѓутоа може да стојат 1-2 дена на собна температура или 3 дена во ладилник.По желба може и да се замрзнат така што ќе ги испечете, ќе оставите да се оладат потполно и ќе ги спакувате во оделни ќесички за замрзнување. Пред употреба стоплете ги во микро, рерна или air fryer.
(Visited 4.450 times, 1 visits today)