Хелоу, хелоу…
Вакви постови не се баш my style ама зошто гледам дека доста од вас се заинтересирани на оваа тема и сакате да знаете малку повеќе – си викам зошто да не напишам цел, детален пост па може ќе го најдете корисен.
Ќе зборуваме за Gymshark. Како ги нарачувам, рецензија на квалитет, кои модели ги имам јас и најчестите прашања што ги добивам од вас на Инстаграм. Па без многу должење на почетоков, let’s get into it.
Како се нарачуваат ?
Преку нивната web страна.
Дали имаат shipping за Македонија?
Да – имаат шипинг за Македонија и мислам дека имаат шипинг скоро за секоја држава низ светот.
Дали се плаќа царина ?
Ок, дечки. Ова мора да го објасниме once and for all зошто гледам дека има многу, многу забуни околу целава царина ситуација. Значи – царина не се плаќа врз основа на брендот или од кај нарачуваш – него царина се плаќа кога вредноста на производот што се нарачува (без разлика дали е од тука конкретно или друга страна) ја надминува таа определена сума што ја одредува нашата царина. Во Македонија, сите пратки што надминуваат 90 EUR (ова е по ново, претходно беше 40 EUR) подлежат на царина и + ДДВ. За подетално може да си прочитате на официјалната страна на царина и имаат во детали се објаснето за секоја стока, сума, пакет што се нарачува.
Ова значи дека ако нарачате и сумата е над 90 EUR – да, ќе мора да платите царина.
За колку време стигаат ?
Испораката им е преку ДХЛ па пратките стигаат за многу, многу кратко време. Околу 5-6 дена макс. Ама добивате меил со сите информации па таму ве известуваат за точно.
Тука би нагласила дека ако одлучите царината што треба да се плати и целата постапка да ја изреализира ДХЛ ќе треба да платите и дополнителни трошоци за тоа. Во превод – ќе ве фати изгор скапо 😂.
Ама пак ќе кажам – за дополнително инфо, за да не ве излажам (зошто не сум експерт во ова, ни па имам некое којзнае какво познавање) да се обратите на нашата царина или ДХЛ па они ќе ви објаснат најточно.
Зошто ги нарачуваш ако излегуваат толку скапо ?
Ќе ви кажам една тајна. За да ги избегнам сите овие трошоци – ги нарачувам ама ми стигнуваат во Грција или околниве земји каде што царинската регулатива е поинаква и вакви трошоци не постојат со оглед на тоа што се во Европска Унија.
Уствари нарачувам да стигаат на адреси на роднини, пријатели кои ми прават услуга и не им е проблем да им стигаат пакетчиња па потоа ми ги праќаат или ми ги носат кога доаѓаат овде и слично.
Би рекла дека ова e the best bet кога станува збор за нарачки преку интернет што се во поголема сума.
Дали навистина се толку добри колку што имаат добар маркетинг ?
Ова е добро прашање и ме натера да размислам дали би ги купила и сакала толку многу ако не беа подржани и промовирани од моите омилени инфлуенсери на ИНСТАГРАМ. Можеби не, а можеби да – тоа никогаш нема да го знаеме ама едно е вистина а тоа е дека – навистина квалитетот е врвен.
Сега ова доста зависи и од моделот што ќе го изберете зошто имаат најразлични колекции со различен style, fit, дизајн, боја, модел и слично ама би рекла дека се популарни со причина.
Пред секоја нарачка обавезно googlam, гледам видеа од тие инфлуенсери со нивна рецензија, го чистам size guide-от што го имаат објавено на нивната web страна, за да бидам сигурна дека тој модел е за мене и потенцијално би ми стоел добро.
Каков е квалитетот ?
ОДЛИЧЕН. Барем за сите работи што јас ги имам до сега порачано. Некои помалку ми се свиѓаат, некои повеќе ама во глобала сите се супер. Перени се и по 100 пати ама не изгубиле ни на боја, ни на материјал, ниту сум имала некаков проблем. Стојат токму онака како и што си ги замислувам пред да ги купам. Затегнуваат на местата кај што треба да затегнат ама во исто време се комотни и удобни за носење и вежбање во нив.
Дали брочињата се true to size и како да ја одберам големината што сакам да ја порачам ?
На нивната web страна, на самиот производ што ќе го кликнете ќе ви искочи и size guide каде што има детална информација за како да го одберете вашето бројче. Ќе ви покаже како да се измерите и според тие пропорции кое бројче би ви одговарало.
Со оглед на тоа што имаат премногу различни колекции и сите се различен материјал и различно стојат – најубаво би било да напишете на google – колекцијата што сакате да ја видите и review и ќе ви искочат мал милион страни каде што даваат детална рецензија за таа колекција.
За мене лично – од сите колекции што сум ги нарачала одбирам бројче што инаку и го носам и до сега не сум имала ниту еден проблем, така да би рекла дека се true to size, ама чисто колку да бидете сигурни применети ги овие чекори од погоре што ги напишав.
Неколку од моделите што јас ги имам и што често ги гледате кај мене Инстаграм како ги носам, ги објавувам тука. Чисто да видите како стојат и добиете идеја за фитот и стилот. Под секоја слика ја пишав и колекцијата за чисто да знаете како да ги барате ако ви се допадне нешто :).
breeze lightweight vital seamless 2.0 flex sports Gymshark x Whitney Simmons collection Gymshark x Whitney Simmons collection training sports bra + leggings training sports bra + leggings
Се надевам дека го најдовте овој пост корисен и доколку се одлучите да си нарачате нешто од тука, не заборавајте да ме тагнете на Инстаграм па да видам како ви стои 😍.