Хељда палачинки

Состојки:

  • 2 банани (зрели)
  • 175 мл. (3/4 cup) млеко од бадеми
  • 130 гр. (1 cup) брашно од хељда
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Се пасираат бананите и се додаваат во голем длабок сад. Се додава и млекото и се промешува се додека не се соедини смесата.
  2. Во истиот сад, на течната смеса се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува се додека смесата не се соедини и нема останато грутки во неа.
  3. Се загрева нелеплива тава и се додава малку кокосово масло. Се остава да се загрее маслото па се додава 1 (преполна) лажица од смесата. Се формира палачинка. Се пржат околу 3-4 минути, се превртува и се пржи дополнителни 1-2 минути.
  4. Температурата нека биде некоја средно-ниска. Доколку горат пребрзо намалете уште малку. Смесата ќе биде густичка и по малку ќе наликува на гел. Тоа е во ред и е реакција од  млекото со лененото семе кое што во оваа ситуација има улога на “јајце”.
  5. Се сервираат топли со дополнителни топинзи или пак се чуваат во ладилник до 3 дена.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Колку се позрели бананите – толку подобро. Не само што се поблагички кога се зрели и со црни дамки туку и текстурата на самите палачинки е покремаста и изедначена. Така да, ако имате банани пред фрлање – супер ќе бидат во овој рецепт.

→ Млекото од бадеми секако може да се замени со било какво млеко.

→ Лененото семе може да се замени со мелена чиа меѓутоа текстурата малку ќе биде поразлична.

→ Брашно од хељда може да си направите и сами со тоа што ќе измелете зрна хељда во блендер се додека не се измелат и не се добие брашно.

(Visited 5.256 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *