Прво нешто што ми доагаше на памет кога ќе се спомне Ибица (а верувам и на поголемиот дел од вас) е Mike Posner и I took a pill in Ibiza, забава, алкохол и селебрити личности кои деновите од одмор ги поминуваат на овој луксузен остров.

Она кое што јас не го знаев е другата страна на Ибица која е многу потценета, а нуди незаборен одмор и убавини и за оние кои не си го замислуваат одморот со многу клабинг и пиење до раните утрински часови – THATS ME !!


Со оглед на тоа што моето патување до Ибица беше во high сезона (јули), авионските карти беа доста повисоки од вообичаено и има две најповолни опции. Едната е со тргнување од Скопје, а другата од Софија.

Јас се одлучив за оваа рута Скопје – Барселона / Барселона – Ибица користејки ги летовите на нискобуџетните компании Wizzair и RyanAir. Имајте на ум дека се случува класичен хаос со летовите и постојано се одложуваат па бидете сигурни дека ќе имате доволно време од едниот до другиот лет.

После напорни два дена патување и одложување на летови конечно стигнавме и се сместивме во нашиот хотел. Хотелот (Central Park) во кој што ние престојувавме се наоѓа во градот Сан Антонио на 13 км од главниот град – Ибица. Зошто се одлучивме да престојуваме тука ? Многу е едноставно – цените се драстично помали и во поглед на сместување и во поглед на останати активности. Такси од Сан Антонио до Ибица Таун е одприлика 20-30 евра, за наша среќа ние имавме пријатели кои не возикаа наваму-натаму па ни го олеснија тој трошок и shout out до нив – засекогаш ќе бидеме благодарни 😊.

ПЛАЖИ

Како и на сите други места има две опции за престој на плажа. Платени лежалки на приватни плажи и бич барови и втора опција јавни плажи каде што си носите сопствени чадори и пешкири. Ние се одлучивме за втората опција и воопшто не се покајавме затоа што плажите и морето се и онака песочни и чисти па нема потреба за дополнител трошок. Неколку плажи што топло ви ги препорачувам да ги посетите се следниве:

  • Cala Comte 
  • Cala Bassa
  • Cala Gracionetta Chiringuito – инаку наш фаворит (мој и на Стефан), а и на многу селебрити личности од типот на Роналдо-Бразилецот. НАПОМЕНА: Стефан ме натера да го напишам ова затоа што било big deal иако мене ништо не ми значи 😊

РЕСТОРАНИ И КАФИЧИ

  • Skinny Kitchen – ресторан за здрава храна па може да видите зошто е прв на листата. Менито е доста обемно и храната е превкусна од здрави палачинки до здрави бургери тука може да најдете буквално се
  • Passion Cafe – многу здрави опции за храна и пијалоци и пресладок амбиент. Дефинитивно нај Инстаграм место на целиот остров. 
  • Golden Buddha
  • Mambo Ibiza – барот со најубавиот поглед на зајдисонце и место каде што секоја вечер може да уживате во добра музика и едни од најпознатите ДЈи во светот
  • La Caracola – во самиот центар на Ибица со највкусната паеља
  • La Solera – луксузна храна и ресторан на самиот кеј во Сан Антонио

МЕСТА ШТО МОРА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ И РАБОТИ ШТО МОРА ДА ГИ НАПРАВИТЕ

  • Es Vedra view point – најдобриот поглед на Ибица кон една мало мистериозно островче со многу легенди и приказни. Се верува дека ова било место каде што живееле сирените и други морски суштества. Некои пак веруваат дека ова место има магични и магнетски сили. Можеби има некоја вистина во овие легенди, а можеби и не ама едно е со сигурност ова место е МАГИЧНО.
  • Ibiza Old Town
  • Тура со глисер.
    -Глисерот се изнајмува во Сан Антонио,чини околу 180 евра и на него може да се возат 5 луѓе.Со глисерот управувате сами,можете да ги посетите сите локални плажи од поинаква перспектива,а за време на зајдисонце на 20тина метри од кафичот Мамбо,во вода ке имате можност да уживате во најубавото зајдисонце на островот.
  • Зајдисонце во Мамбо – доколку не планирате да изнајмите глисер,ова е втората најдобра опција каде што од сите делови на островот доаѓаат во или околу Мамбо и уживаат во овој поглед.

Дополнителни совети и информации

  • Обавезно купувајте си вода и грицки или храна за на плажа од супермаркети. Цените на плажа се неверојатно високи
  • Такси од аеродромот во Ибица до Сан Антонио чини околу 45 евра
  • Такси од Сан Антонио до Ибица чини околу 20-30 евра
  • Избегнувајте сместување во West End маало во Сан Антонио затоа што е преполно со пијани Британци 
  • 7 дена се повеќе од доволни за да прошетате и видите се
  • Влезот во дискотеките е секогаш различно во зависност од кој дел од сезона е, која дискотека и кој артист настапува меѓутоа би рекла од 50 евра па нагоре

Доколку ве интересираат дополнителни информации може слободно да ме контактирате, секогаш ме радува кога можам на некој начин на помогнам.

(Visited 1.303 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *