Состојки:

• 2 cups (200 гр.) овесно брашно

• 1/4 cup (45 гр.) кокосов шеќер

• 2 лажички цимет

• 1 лажичка сода бикарбона

• 1/2 cup (110 гр.) кокосово масло, стопено

• 1/2 cup (125 гр.) пире од јаболки 

• 2 јајца

• 1 големо јаболко или 2 помали, рендани

• 1 лажичка јаболков оцет

• 1 јаболка за карамелизирање за топинг, по желба

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 175º и се подготвуваат калапи за мафини. Се премачкуваат со кокосово масло за полесно да се вадат или се користат каписли. 
  2. Во голем, длабок сад се додаваат овесното брашно, кокосовиот шеќер, цимет, сода бикарбона и се промешува. 
  3. Се додаваат и сите останати состојки (освен ренданите јаболки) и убаво се промешува се додека не се добие соединета смеса. 
  4. Се додаваат ренданите јаболки и лесно се размешува, за да се распоредат низ смесата.
  5. Се распоредува смесата во калапите за мафини. Треба да искочат околу 8-10 мафинчиња. 
  6. Се печат 16 минути, се оставаат малку да се оладат па се вадат од калапите. 
  7. За карамелизирање на јаболките, убаво се премиваат јаболките, се сецкаат на мали коцки. На загреано тавче, на средно-висока температура со малку кокосово масло се додаваат коцките јаболки. Се пржат додека не добијат златеникаста боја и не омекнат малце.
  8. Се додаваат на секое мафинче по 1 лажица , пред сервирање.
  9. Мафините може да стојат на собна температура (затворени) 2 дена или во ладилник, во стаклен сад до 5 дена. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ: 

→ Кокосовиот шеќер може да се замени со некој друг засладувач во гранули или течен засладувач. Ако се користи течен засладувач – соединете го со течната смеса.

→ Овесното брашно може да го купите веќе готово како брашно или да си направите сами со мелење на овесни снегулки

→ Пирето од јаболки што јас го користев е од бебешка кашичка ама доколку имате време може да си направите и сами, следејќи го овој рецепт:

Рецепт за домашно пире од јаболки

(Visited 3.223 times, 15 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *