Состојки:

За база:

  • 1 cup (135 гр.) лешници
  • 1 + 1/2 cup (260 гр.) урми

За фил:

  • 1 + 1/2 cup (185 гр.) индиски ореви, киснети во вода
  • 1 cup (250 мл.) кокосов крем од конзерва
  • 10тина јагоди 
  • 1/4 cup (80 гр.) агаве сируп
  • 1/4 cup (20 гр.)  кокосови снегулки

→ Јас користев сирови лешници со лушпа. Ги потпеков во рерна на 180º околу 10тина минути и потоа им ја извадив лушпата. Може да користите и лупен, бел лешник. Потпекувањето е мал ама значаен чекор 🥰 aко имате време, не го прескокнувајте, ептен убав шмек дава. 

→ Индиските ореви потопете ги во врела минимум 2 часа претходно или во ладна вода од вечерта претходно. 

→ Кокосовото млеко од конзерва претходно оставете го во фрижидер да стои. Белиот густ дел што ќе се одели на врвот од конзервата е кокосовиот крем. Ако немате време за тоа може да го користите и измешано.

→ Јас користев свежи јагоди ама може и со замрзнати, само претходно одмрзнете ги на тивок оган или од вечерта претходно. 

Начин на подготовка:

  1. Додадете ги лешниците во блендер или сецко и убаво исетнете ги. Додадете ги и урмите и повторно изблендирајте. Ќе добиете леплива смеса. 
  2. На калап за печење леб или калап по избор додадете хартија за печење. Додадете ја базата и со шпатула убаво израмнете. Оставете на страна.
  3. Во блендер додадете ги сите состојки за филот. Блендирајте додека не се добие соединета смеса. Додадете го филот на базата. 
  4. Ако додавате топинзи додајте ги одозгора и оставете во замрзнивач да се зацврсти најмалку 2 часа. Исечете на парчиња и уживајте.
  5. Може да стојат во ладилник до 5-6 дена или во замрзнивач до 1-2 месеци. Пред конзумирање само оставете ги да се одмрзнат 5-10 минути. 
(Visited 789 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *