Какао мафини

Состојки:

  • 60 гр. (1/2 cup) кокосoво брашно
  • 60 гр. (1/2 cup) какао во прав
  • 170 гр. (1/2 cup) мед
  • 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло, стопено
  • 5 јајца
  • 2 лажици вода
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка јаболков оцет
  • малку сол
  • ситно исецкани лешници и чоколадни парчиња (по желба, за топинг)

Начин на подготовка:

  1. Во голем длабок сад се додава кокосово брашно, какао, сол и сода бикарбона. Се промешува.
  2. На оваа смеса се додаваат останатите состојки и се промешува се додека смесата не се соедини. Смесата треба да биде прилично густа.
  3. Се подготвува тава за мафини или поединечни калапи и се прскаат или премачкуваат со кокосово масло за да се спречи лепење на смесата.
  4. Смесата се распоредува во 12 мафини, доколку се користат топинзи се проросуваат еднакво на сите мафини и нежно се вдлабнуваат во смесата
  5. Се печат 20 минути на загреана рерна од 180º
  6. Мафините се готови кога со нож или чепкалка ќе се боцне во средината и ќе искочи чиста без залепена смеса
  7. Мафините се оставаат да се оладат 5-10 минути пред да се отстранат од тавата за мафини или калапите
  8. Може да се чуваат на собна температура во затворен сад 2-3 дена или пак во фрижидер до 7 дена.
(Visited 8.840 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *