Какао (палео) палачинки со карамелизирани јаболки
Состојки:
- 2 банани
- 4 јајца
- 6 лажици мелени бадеми
- 1 лажица какао
- 1 лажица мед (или засладувач по желба)
- 1 лажичка цимет
- малку сол
Карамелизирани јаболки:
- 1 црвено јаболко
- 1 лажичка кокосово масло
- 1/2 лажичка цимет
Начин на подготовка:
- Во блендер се додаваат бананите и се блендира се додека не се испасира.
- Се додаваат јајцата и повторно се блендира.
- Се додаваат останатите состојки и се блендира се додека смесата не се изедначи и соедини.
- Смесата треба да биде поретка и течна од вообичаено, меѓутоа доколку е премногу водлеста се додаваат уште неколку лажици мелени бадеми.
- Се загрева нелепливо тавче на ниска температура и се додава малку масло. Јас користев кокосово масло меѓутоа може да се користи било какво масло по желба.
- Кога маслото ќе се загрее се додаваат 2 лажици од смесата во центарот на тавата и се формира палачинка.
- Се пржи неколку минути, се превртува и се пржи дополнителни 2-3 минути.
- Се повторува постапката за остатокот од смесата.
- Се мие, лупи и сецка на коцки јаболкото. Во тавата во која ги пржевме палачинките се додава 1 лажичка кокосово масло и на средно-висока температура се додава исецканото јаболко. Се додава и циметот и се пропржува неколку минути, за да се карамелизира јаболкото.
- Се сервираат палачинките со карамелизираните јаболки и дополнителни топинзи по желба.
(Visited 2.960 times, 1 visits today)