

Состојки:
База:
- 1/2 cup (50 гр.) мелени бадеми
- 3/4 cup (75 гр.) мелен овес
- 2 лажици јаворов сируп
- 3 лажици кокосово масло, стопено
Фил:
- 1/2 cup (125 гр.) путер од лешник
- 1/2 cup (86 гр.) бело чоколадо, сецкано или чоколадни парчиња од бело чоколадо
Чоколаден прелив:
- 1/2 cup (85 гр.) чоколит чипс или црно чоколадо сецкано на мали парчиња
- 1 лажица кокосово масло
Начин на подготовка:
- Се подготвува тава што ќе ни служи како калап за колачот. Не се пече па може да користите каков калап сакате. Јас користев тава за печење леб. Се обложува со хартија за печење за полесно вадење кога ќе се стегне.
- Во мал длабок сад се додаваат сите состојки за базата. Се промешува се додека не се изедначи и додека не се добие “тестеста” смеса. Треба да биде доволно леплива за да може да се оформува. Смесата се додава во тавата и се израмнува. Се трга на страна додека го подготвуваме филот.
- Во мало тенџерче на многу ниска температура се додава белото чоколадо и се остава да се растопи. Се трга од оган и се додава и путерот од лешник. Се промешува додека состојките не се соединат.
- Се додава на базата, се израмнува и се остава во фрижидер да зацврсти околу 2 часа.
- Во мало тенџерче се додаваат состојките за чоколадниот прелив. Се остава да се растопи на ниска температура.
- Се додава на филот и се израмнува. По желба може да си додадете од капките бело чоколадо.
- Оставете во замрзнувач да се зацврсти околу 30тина минути и потоа исечете на коцки или по желба.
- Овие барчиња може да стојат во замрзнивач до 2 месеци или пак во ладилник и до 7-10 дена. Никако не ги оставајте премногу време на собна температура зошто може да се стопат.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Јаворовиот сируп може да се замени со било каков течен засладувач. Агаве, мед, сируп од урма, меласа и слично…
→ Путерот од лешник може да се замени со било каков путер од јаткасти плодови ама ако го барате оној препознатлив вкус на киндер буено тогаш путер од лешник ќе ви даде совршена комбинација. Секако ќе биде превкусно ама чисто имајте го ова на ум.
(Visited 1.789 times, 1 visits today)