Состојки:

  • 200 гр. киноа, варена**
  • 4 јајцa
  • 6 листови блитва, ситно сецкана
  • 3/4тини од цел стап праз, ситно сецкано
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • сусам (по желба, за топинг)

** киноата измерете ја пред варење. За варење јас го користев размерот 1:3. Додадете ја киноата во измерената количина вода, оставете да зоврие, намалете ја температурата на ниско и оставете да се вари 10тина минути. Тргнете од оган, поклопете со капак или крпа и оставете така додека водата комплетно не упие.

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 210º и се премачкува тава за печење. Јас користев округла тава од 25-26 цм. Мојата беше нелеплива па не додадов хартија за печење.
  2. Во голем длабок сад се додава варената киноа (обавезно да биде оладена) и се додаваат јајцата и се промешува убаво додека не се соединат. 
  3. Се додаваат и сите останати состојки и повторно убаво се промешува. 
  4. Се додава смесата во тавата за печење, се израмнува и се додава сусамот одозгора.
  5. Се пече 30 минути. Оставете да се олади пред да сечете. 
  6. Може да чувате во затворен, стаклен сад во фрижидер до 4-5 дена или на собна температура 1-2 дена. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Бидете креативни со составот – јас го сакам ова комбо на блитва со праз ама слободно може да адаптирате. Додадете фета, кашкавал, пршута, маслинки, урда и слично….

→ Јас лично не сум пробала ама според вашите успешни обиди – киноата може да се замени со некоја друга житарка.. Кус кус, хељда, цело зрно овес и слично….

(Visited 1.551 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *