Една од работите што многу ми недостасуваше додека бев на палео исхрана е токму оваа овесна каша. Овес и производи од овес не се дозволени на палео исхрана. После 2 години се решив повторно да ја вметнам во исхрана и можам да кажам дека ми го разубаве и олесни животот за 50%. Можеби звучи драматично ама жива вистина е. Сакам да ја правам затоа што оброкот е спремен за 5 минути, овесните снегулки се достапни буквално во секој супермаркет и со различни топинзи добивам различен вкус па никогаш неможе да ми здосади. Освен тоа овесот е преполн со нутритивни состојки па е одлична варијанта за здрав појадок.Ова ми е бејсик класичен рецепт, но секако слободно бидете креативни и додадете/одземете според вашиот личен вкус. 

Топла класична овесна каша (oatmeal bowl)

Состојки

  • 250 мл. млеко од јаткасти плодови (јас најчесто користам бадемово млеко меѓутоа било кое млеко ќе биде сосема во ред)
  • 50 гр. овесни снегулки
  • 1 лажица мед или јаворов сируп (или повеќе по желба)
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 банана, грубо изгмечена**

** Бананата е по желба и слободно може да се изостави. Јас сакам да ја додавам затоа што дава уште по кремаст и густ вкус на овесната каша меѓутоа и без тоа би било подеднакво вкусно.

Начин на подготовка

  1. Во мало тенџерче се додаваат сите состојки (освен бананата) и се става на ниско-средна температура
  2. Со лажица се промешуваат сите состојки за да се соединат
  3. Се промешува од време на време за да се избегне загорување 
  4. Потребни се одприлика 5-6 минути односно овесната каша е готова кога овесните снегулки ќе ја впијат течноста и ќе се добие згусната смеса.Доколку смесата почнува да испушта меурчиња тогаш е време да се тргне од оган
  5. Се додава грубо изгмечената банана во тенџерето со овесна каша и повторно се промешува
  6. Се додава во длабок сад и се додаваат топинзи по желба. Моите омилени се потпечени јатки,гранола,свежо овошје,путер од јатки,чиа семе и слично. 
  7. За максимум вкус – се конзумира топла
(Visited 17.385 times, 8 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *