Fun fact: Банана овес палачинки беше првиот здрав рецепт што го имам направено и пробано и можеби е причината што и до ден денес се држам до здравата исхрана. Многу се популарни и може да ги сретнете низ социјалните мрежи во најразлични варијанти. Не ме чуди што сите сакаат да ги пробаат затоа што буквално ви се потребни неколку состојки за да добиете неверојатно вкусен доручек. Класичната варијанта подразбира овесни снегулки, банана и јајце меѓутоа јас ви ја споделувам мојата варијанта во која се потребни само неколку состојки плус, подеднакво добар вкус, а во исто време подобрена форма. Топинзите секако се по желба и она што ви е моментално достапно ама моја препорака е да ги пробате со свежо шумско овојшје, малку путер од јаткасти плодови и потпечени јатки. Мојата засекогаш омилена комбинација за палачинки што никогаш не ми здосадила.

Класични овес/банана палачинки

Состојки

  • 100 гр. (1 cup) брашно од овес*
  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 120 мл. (1/2 cup) растително млеко (или кравјо млеко)
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет (по желба)

* Може да се користи готово купечко овесно брашно или може да си го направите сами. Се додаваат овесни снегулки во блендер и се блендира додека не се создаде текстура на брашно.

Начин на подготовка

  1. Се пасираат бананите додека не се создаде кремаста текстура и се додаваат во голем длабок сад
  2. Се додаваат останатите состојки и користејки мешалка или вилушка се меша смесата се додека не се соедини 
  3. Се остава смесата да стои 5-10 минути за овесното брашно да упие од течноста и целата смеса не се згусне малку
  4. Се загрева нелеплива тава за пржење палачинки на средно-висока температура и се додава малку кокосово масло или масло по желба
  5. Се додава околку 2-3 лажици од смесата на загреаното масло и се остава да се пржи околку 3-5 минути од едната страна пред да се преврти односно кога смесата ќе се набабри и ќе се зголеми. Се превртува од другата страна и се пржи уште додатни 3 минути
  6. Се повторува постапката со остатокот од смесата
  7. Се сервираат топли со топинзи по желба или може да се чуваат во фрижидер до 2-3 дена. Пред сервирање се стоплуваат во рерна или во микро и се подеднакво вкусни како и топли. 
(Visited 29.161 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *