Јас и Стефан се согласивме дека ова е можеби најбрзиот и наједноставниот (а во исто време ептен nice) ПАЛЕО оброк од сите до сега што ги зготвивме. Многу лесно, многу едноставно и ептен прилагодливо. Јас користев минимални состојки ама feel free да си додадете некоја намирница по желба. На пример: исецкан кромид/морков/магдонос во самата смеса, брокулка или карфиол во сосот од доматно пире и слично.
Овој оброк ми одзема точно 20 минути со се подготовка, а стварно имав чувтсво дека е некој супер фенси-шменси take out оброк.
Пробајте го и експреиментирајте со состојките и не заборавајте да ме тагнете на Инстаграм ако го пробате.
Ќофтиња во доматен сос (палео)
Состојки:
- 500 гр. мелено јунешко месо
- 250 гр. мелено свинско месо
(може да користите и само јунешко, само свинско, само телешко и сл…)
- 1 јајце
- 3 лажици мелен бадем
(може да користите и хељдино брашно или пак овесно брашно со тоа што со овесно нема да биде палео friendly)
- 1+1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка црн бибер
- 2 лажички оригано
- 1/2 лажичка лук во прав
- 400-500 гр. тегла или кознерва доматен сос
(ако најдете некој што има и босилок во него – ќе биде одлично)
• ситно исецкан магдонос за гарнир
Начин на подготовка:
- Во голем, длабок сад се додаваат меленото месо, јајцето, зачините и брашното. Убаво се промешува со рака, само бидете внимателни да не гмечите премногу за да не се направи “гумено” месото.
- Од смесата се форимираат топчиња, јас ги правев во големина на два фриза одприлика. Не многу големи, ама не ни многу мали. Од оваа грамажа на месо ми искочија околу 19-20 топчиња.
- Се загрева малку масло за готвење на тавче (на средно-висока температура). Нека биде доволно големо за да ги собере сите топчиња.
- Се додаваат сите топчоиња во еден слој и се пржат по 3-4 минути од страна. Треба да добијат убава коричка и златеникаста боја.
- Се намалува температурата на ниско. (кај мене беше од 7мица на 4ка) Се додава доматното пире и ако има потреба малку водичка. Нека биде убаво прелиено и опфатено со сите ќофтиња.
- Се поклопува и се остава да прокрчка околу 10-15 минути за убаво да се свари и сите вкусови да се изедначат и соединат.
- На крај се додава и исецканиот магдонос за малку свежина.
- Највкусно е да се јаде кога е топло и свежо ама е подеднакво вкусно и ако чувате остатоци за наредниот ден. Може да си подготвите поголема порција, да чувате во затворен, стаклен сад во ладилник и да стоплите пред јадење.