


Сотојки:
- 300 гр. (3 cup) овесно брашно
- 1 ќесичка прашак за пециво
- 3 јајца
- 170 гр. (1/2 cup) течен мед
- 100 гр. (1/2 cup) кокосово масло
- 250 мл. (1 cup) јогурт
- 400 гр. замрзнати вишни (јас ставив цело пакетче ама може и помалку)
- малку ванила екстракт, по желба
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 200º и се подготвува тава за печење во која ќе се пече колачот. Јас користев керамичка тава со димензии 20х20 ама слободно користете каква имате дома. Дури може да користите тава за мафини, тава за куглоф, стаклен сад за печење и слично. Јас претходно не обложив хартија за печење, само напрскав со масло и не се залепи колачот ама за сигурна варијанта секогаш може да обложите со хартија.
- Во голем длабок сад се додаваат брашното и прашокот за пециво и се промешува.
- Се додаваат и сите останати состојки (освен вишните) и повторно се промешува се додека не се добие соединета, кремава смеса.
- На крај се додаваат и вишните (нема потреба да се одмрзнуваат претходно) и се промешуваатза да се распоредат во смесата.
- Се додава во тавата за печење, се израмнува и се пече околу 40 минути односно додека не добие златеникаста коричка. Проверувајте од време на време зошто времето на печење ќе зависи од рерна до рерна.
- Ако во средишниот дел е се уште меко и по 40 минути, не се секирајте со ладење ќе се стврдне.
- Колачот може да стои на собна температура 1-2 дена или во ладилник до 4 дена.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Медот може да се замени со било каков течен засладувач. Агаве, сируп од урми, меласа, јаворов сируп и слично….
→ Кокосовото масло може да се замени со некое друго неутрално масло.
→ Вишните може да се заменат со било кое друго шумско овошје или овошје по избор.
→ Колачот не е екстремно благ, па ако сте фан на многу благо пециво додадете повеќе засладувач или чоколадни парчиња како додаток на вишните.
(Visited 4.996 times, 1 visits today)